04:06 - 20 декември, 2025

Која е разликата помеѓу паника и анксиозност?

unsplash

Термините „панични напади“ и „анксиозни напади“ иако често се користат наизменично, тие не се исти. Во дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања постои дефиниција за напади на падника, но не и за напади на анксиозност. Анксиозноста честопати се дефинира како симптом.

Паничните напади се случуваат кога мозокот предизвикува одговор на одредена стресна ситуација. Тоа е неопходна алатка на мозокот при која ослободува адреналин, која се нарекува паничен напад доколку не станува збор за ситуација на живот или смрт.

Паничните напади во просек траат околу 20 минути, но може да бидат проследени со некои симптоми што траат. Овие напади имаат повеќе симптоми како ненадејно чувство на страв, потење, тресење, вкочанетост на рацете или нозете, болка во стомакот, вртоглавица, забрзано чукање на срцето, проблеми со дишењето, чувство на гушење во грлото, зашеметеност, болка во градите, треска, чувство на топлина и слично.

unsplash

Некои луѓе кои имаат напади на паника развиваат паднично растројство – болест на периоднични напади на паника и постојана грижа и страв од следниот напад на паника.

Додека анксиозноста, се објаснува како технички симптом. Иако многу луѓе го користат изразот „анксиозен напад“ и веќе делумно е прифатен во модерното општество, оваа појава не е официјално регистрирана. Значи, што е напад на анскизоност?

Луѓето кои доживуваат подолги периоди на анксиозност ги нарекуваат анксиозни напади. Според „Talkspace“ – симптомите на анксиозен напад се загриженост, замор или чувсто на немир (како да не можете да седите мирно), имате проблеми со спиењето, физичка напнатост, проблеми со концентрацијата.

стрес траума депресија

Чувството на анксиозност е нормално и обичено е дел од животот на многумина, доколку се случува одвреме навреме. Некои тригери на анксиозност се моментите кога запознавате нови луѓе, кога започнувате нова работа, држите говор или презентација, се селите, стапувате во брак или создавате семејство.

Ако анксиозноста почне да влијае на вашата работа, конекции со луѓето или генерално вашето секојдневие, веројатно треба да разговарате со вашиот лекар.

Анксиозно растројство како опсесивно-компулсивно растројство, генерализирано анксиозно растројство, социјално растројство, анксиозно растројство или агорафобија се растројства кои може да се третираат, и се излечиви со терапија или лекови.

Разговарајте. Побарајте помош.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....