24.8 C
Скопје
18:36 - 6 мај, 2024

Која е Лиз Трас? „Тачерка на новиот милениум“ која смени тројца премиери

Лиза Трас, актуелна министерката за надворешни работи на Велика Британија, е една од најсериозните кандидати за наследничка на Борис Џонсон, премиерот во оставка, кој пред две години ја донесе на актуелната фунција. „Ќе го пораснам приватниот сектор побрзо од јавниот сектор, со долгорочен план за намалување на даночното оптоварување“, објасни кандидатката за премиер. Но која е Лиз Трас и како стана толку видлива нејзината работа? 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liz Truss (@elizabeth.truss.mp)

Уште на средината на септември 2021 година, по реконструкцијата на владата на Борис Џонсон веќе имаше такви кои размислуваа кој ќе го замени премиерот, а меѓу најозборуваните имиња за иден премиер беше името на една жена: Лиз Трас, според многумина новата Маргарет Тачер. Тогаш (септември 2021) Трас беше избрана за министерка за надворешни работи за време на реконструкцијата направена со цел „да се создаде силен и обединет тим за подобар почеток по пандемијата“. Трас е втората жена што ја извршува функцијата на министерка за надворешни работи, по лабуристката Маргарет Бекет, назначена од Тони Блер во 2006 година. Новата позиција ѝ даде уште поголема видливост на Трас, а тоа како да беше дел од нејзиниот план, еднаш да стане премиерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liz Truss (@elizabeth.truss.mp)

Трас е ќерка на родители кои ја поддржувале левицата, и долго време гравитирала кон прогресивниот табор. Ако денес ја споредуваат со Маргарет Тачер, како дете нејзините родители ја натерале да ги пее паролите против претседателката на Кознервативната партија, во маршот против нуклеарната енергија. Поради политичките убедувања на нејзините родители, таа посетувала државно училиште, но потоа била примена во Оксфорд, каде студирала политика, филозофија и економија на престижниот колеџ Мертон.

За време на универзитетските години таа сè уште била во редовите на либералдемократите (дури и одржала говор за укинување на монархијата), но потоа дојде драстичната промена на насоката и таа влезе во Конзервативната партија на многу млада возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liz Truss (@elizabeth.truss.mp)

Во 2014 година, таа стана најмладата министерка во историјата на Обединетото Кралство и оттогаш има различни позиции, а препознатлива е по нејзиниот ентузијазам и напорна работа и одлучност. Како министерка за меѓународна трговија за неколку месеци склучила 63 трговски договори со исто толку земји.

Отсекогаш се држела до својот став, по цена и да не се согласува со премиерот, а особено е гласна  во спортиставувањето на зголемувањето на даноците.

Иако 47-годишната Трас е на чело на министерството за финансии од септември 2021 година, таа цели десет години не ја напуштила владата, менувајќи едно за друго место, односно еден за друг ресор, со тројца премиери (Дејвид Камерон, Тереза ​​Меј и Борис Џонсон) и ниту еднаш не се  „одмори“ од присуство на пратеничката клупа. Според овој индикатор, со неа би можел да се натпреварува само поранешниот државен секретар на Северна Ирска, Брендон Луис. Тој беше речиси без престан на министерски места од 2014 година, но се повлече минатата недела.

Детството Трас го поминала во Шкотска и во северна Англија, кој се смета за економски обесправен дел од земјата и упориште на Лабуристичката партија. Мери Елизабет (тоа е средното име што го користи) била најстара од четирите деца во семејство на универзитетски професор по математика и медицинска сестра. По идеолошкиот пресврт од 180 степени, младата девојка им се придружи на конзервативците кога имаше малку повеќе од 20 години.

Во едно интервју, самата Трас призна дека нејзиното семејство се придржувало до ставовите на „екстремната левица“. Според весникот „Дејли Мејл“, таткото на Трас одбил да учествува во изборните кампањи на неговата ќерка бидејќи таа се кандидирала за Парламентот од Конзервативната партија. Сепак, Трас сега ја нарекува свој идол.

На 26-годишна возраст, Трас првпат учествувала на парламентарните избори, претрпувајќи фијаско, четири години подоцна – во 2005 година – ја чекаше ново разочарување, но во 2006 година беше избрана во советот на лондонската општина Гринич, каде што привлече внимание и се најде на листите на кандидати за парламентот, составени по насоки на премиерот Дејвид Камерон. Камерон (на чело на Кабинетот од 2010 до 2016 година), се обиде да го направи составот на Конзервативната партија поинклузивен на сметка на претставниците на етничките малцинства и на жените.

Во 2010 година, Трас се кандидираше за Парламентот по трет пат – овој пат со силна поддршка на партијата, која ја номинираше за изборна единица во Југозападен Норфолк, каде што кандидатот на ториевците практично беше загарантиран да победи. Изборната кампања беше во сенка на скандалот за прељубата на Трас, која, како што се испостави, имала афера со Марк Филд во 2006 година – во тоа време заменик на ториевците, сопартиец на Борис Џонсон и поранешен министер за надворешни работи. За Филд, која неодамна ја напушти високата политика, скандалот заврши со развод, но Трас го спаси бракот и успешно се извлече од скандалот, учествувајќи и на изборите, обвинувајќи ги противниците за сексизам и прекумерна лојалност кон машките политичари кои си дозволуваат да ги изневеруваат нивните сопруги без никакви предрасуди за кариерата.

Во 2016-2017 година, Трас беше министерка за правда, но ја загуби позицијата поради критиките од правната заедница. Своето враќање во првите редови таа му го должи на Џонсон, кој ја зеде во неговиот кабинет како поддржувач на Брегзит, иако за време на референдумот во 2016 година таа се залагаше за одржување на членството на земјата во ЕУ. Британските коментатори забележуваат дека Трас исто така била една од првите што ја поддржала кандидатурата на Џонсон во борбата за функцијата шеф на Конзервативната партија во 2019 година, иако таа првично планирала да се кандидира сама.

Откако ја презеде функцијата министер за надворешни работи, Трас ја задржа претходната функција министер за жени и родеова еднаквост.

Во интервјуата посветени на нејзиниот личен живот, Трас рече дека најмногу ја цени слободата, а најмногу жали за оние моменти кога не се осмелила да го искаже своето мислење доволно гласно. Пред да застане на чело на Министерството за надворешни работи, таа зборуваше за печење колачи, кроасани и лепчиња, нарекувајќи го тоа еден од најдобрите начини што ги знаела за ослободување од стресот и лично водела своја страница на Инстаграм.

Пред две години ја прослави својата дваесетгодишнина од бракот. Таа го запознала својот сопруг, сметководителот Хју О’Лири, на конвенција на млади конзервативци. Двојката има две ќерки тинејџерки, Либерти и Френсис (и двете имиња се игри на зборот „слобода“).

Лиз Трас е кандидат за премиер на британската влада: „Ќе ги намалам даноците“

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....