2.8 C
Скопје
19:46 - 20 декември, 2024

(Фото) Која е Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис: Мала улога во филм ја донесе манекенката од Малта до големиот актер

Веќе неколку месеци, обожавателите на Брус Вилис, холивудската ѕвезда позната по тешките улоги во многу блокбастери и акциони филмови, се загрижени за неговото здравје. Ѕвездата, всушност, боледува од фронтотемпорална деменција (болест позната по акронимот „FTD“), дегенеративно заболување кое предизвикува заболените да го изгубат контактот со реалноста и повеќе да не ги препознаваат своите сакани. Покрај него, во овие особено тешки моменти се неговото семејство и најдобрите пријатели, но секако, најмногу – неговата сегашна сопруга Ема Хеминг која многу се грижи за Брус.

Кариерата на Ема Хеминг

Ема Хеминг е родена во Малта (но е од британска националност) на 18 јуни 1978 година, и била супермодел. Таа е висока 1,78 метри, има впечатлива долга кафена коса. Во својата долга кариера во светот на модата, Ема Хеминг беше модел за големите италијански и странски куќи за висока мода. Меѓу главните се: Кристијан Диор, Емануел Унгаро, Пако Рабан, Ралф Лорен и Валентино. Во 2002 година прошета на модната писта и за Викторија Сикрет. Понатаму, откако се пресели во Калифорнија, таа имаше и мали филмски улоги и токму на снимањето на еден филм се разгоре љубовната искра со Брус Вилис.

Свршувачката и бракот со Брус Вилис

Според „Венити фер“,  Ема и Брус се заљубиле на снимањето на филмот „Perfect Stranger“ во 2007 година, каде што таа имала мала улога. Од тој момент, двајцата почнале подобро да се запознаваат и постојано да се ружат. Ема Хеминг своевремено изјавила дека со актерот се познавала одамна, бидејќи тие двајца оделе во иста теретана. По веридбата, парот се венча во 2009 година.

Во бракот се родија две девојчиња: Мејбел Реј во 2012 година и Евелин Пен во 2014 година.

Занимливости за парот Вилис-Хеминг

Ема и Брус се венчаа на интимна церемонија прославена на островите Туркс и Каикос, архипелаг на Британските острови во Атлантскиот Океан. На церемонијата присуствуваа и поранешната сопруга на Брус Вилис, Деми Мур и нејзиниот тогашен сопруг. Деми Мур и Брус Вилис, кои имаат три ќерки, Румер, Скаут ЛаРу и Талула Бел, останаа блиски по нивното разделување. Мур и денес се грижи за поранешниот сопруг, и на секој начин ѝ помага на Ема во грижата за болниот холивудски глумец.

Се чини дека двете семејства живеат во одлична хармонија. Дотолку што Деми Мур го поминала периодот на изолација за време на корона- пандемијата токму во куќата на нејзиниот поранешен сопруг и сега повторно се преселила нивниот дом, за да биде покрај него во овој тежок момент. Фановите на Вилис едноставно немаат што да кажат друго освен браво за согласноста и дружбата на двете жени!

Ема Хеминг е многу активна на својот Инстаграм профил на кој го додаде и презимето на својот сопруг Вилис. Од фотографиите и видеата кои речиси секојдневно ги објавува се гледа нејзината голема љубов кон семејството, а особено кон сопругот. Една од поновите објави е колаж од слики и видеа објавени по повод роденденот на актерот. Понатаму, од профилот на Инстаграм јасно се гледа дека Ема Хеминг е основач на брендот на производи за убавина „CocoBaba“, базирани на благотворните ефекти на кокосот, за кои вели дека ги тестирала и испробала директно на своето тело.

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува: Опциите за лекување се „многу слаби“

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....