14.8 C
Скопје
06:37 - 9 мај, 2024

Кој беше Реј Стивенсон и што остави зад себе: Пред да почине си го исполнил сонот

Популарниот британски актер Реј Стивенсон, кој се прослави особено со улогата на Титус Пулон во историската телевизиска серија „Рим“, но и како дел од актерската екипа на „Војна на ѕвездите“, почина во Италија на 59-годишна возраст. Ова беше објавено во понеделник, 22 мај од италијанскиот дневен весник и портал Ла Република.

Според италијанските новинари кои први ја пренесоа тажната вест, глумецот снимал на островот Искија. Минатата сабота, на 20 мај, Стивенсон се чувствувал лошо; Болничарите кои пристигнале на повик решиле да го хоспитализираат. Во понеделникот, сепак, состојбата на актерот се влошила; и покрај сите напори на лекарите не можело да му се спаси животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Il Nerdastro (@il_nerdastro)

Точната причина за смртта на актерот се уште не е соопштена од медиумите. Стивенсон остави три сина кои ги доби со неговата сопруга – италијанската антрополог Елизабета Карачија, со која почна да излегува додека работеше на ТВ серијата Рим (2006).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Cina (@mamacina)

Џорџ Рејмонд „Реј“ Стивенсон е роден во Северна Ирска: на 25 мај 1964 година во Лизбурн. За време на школските години, главното хоби му било цртањето; па првично одлучил професија да му биде сликарството.

Стивенсон до 25 години работел како дизајнер во една од архитектонските канцеларии во Лондон, по што се заинтересирал за глума и решил да си ја проба среќата на ново поле. Се запишал во театарската школа Бристол Олд Вик, а дипломирал на 29 години.

Првата голема улога дојде благодарение на Кралот Артур и пред се на Рим, драма на BBC и HBO во која тој го играше Титус Пулон, еден од ликовите на кои најмногу му се восхитуваат обожавателите на серијата. Овој успех дефинитивно ја започна неговата меѓународна кариера, меѓу која се издвојува трилогијата Тор, каде глумеше како Волстаг, еден од најсилните пријатели и борци на нордискиот бог на громот.

Стивенсон е познат по неговите улоги во три филма во серијата Тор од студиото Марвел; глумеше и во сериите „Викинзи“, „Декстер“, во филмовите „Дивергент“, „Книгата на Ели“, а најзабележителни беа неговите главни улоги во филмовите „Кралот Артур“, „Тројцата мускетари“, „Убиј го Ирецот“, „Флешбек“, „Атлантида“ и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NerdFellas (@nerdfellas)

Според Форбс, Стивенсон оставил на своето семејство 14 милиони американски долари, колку што е проценета неговата нето вредност во 2023.

Реј Стивенсон неодамна го исполнил својот животен сон купувајќи куќа – луксузен имот со 6 спални соби во Лондон за неверојатни 4 милиони американски долари. Реј Стивенсон зел дополнителен заем од 900 илјади долари за да ја реновира куќата со ентериери по негов избор.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ бос пешачи кон Грција: Пејачот откри што ќе се случува утре, на 18-тиот ден

Еспресо

Бресквица згрозена од настапот на Ирска на Евровизија: „Сакав да премолчам, но не можам… што е ова?“

Еспресо

Синот на Ведрана Рудан: „Таа не е депресивна поради ракот“

Еспресо

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Еспресо

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо
Се вчитува....