7.8 C
Скопје
22:47 - 1 април, 2026

КЕВИН СПЕЈСИ ОДГОВАРА ШТО ИМ НЕДОСТИГА НА ДЕНЕШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Еве што му се допаѓа кај Туѓман!

Кевин Спејси даде ексклузивно интервју за Хрватски тједник во кое зборуваше за неговата улога во филмот на Јаков Седлар „Бурата на Туѓман“. Тој истакна дека има голема почит кон поранешниот хрватски претседател.

„Не ми требаше многу време за да ме убедат да го отелотворам ликот на Фрањо Туѓман“, е насловот на интервјуто.

Новинарската екипа на Хрватски тједник разговарала со Спејси во хотелот „Еспланаде“ во Загреб, каде што тој престојувал. Актерот изјавил дека „три месеци интензивно се занимава со Туѓман“ и дека тоа му е вообичаен начин на работа.

„Јас и Седлар сме пријатели и знам дека не би се обидел да ми „ували“ ништо лошо. Зборуваше многу искрено и со многу страст за Туѓман, многу му беше важно јас да го играм неговиот пријател Фрањо и брзо се договоривме”, рекол глумецот.

Тој изјавил и дека му се допаѓа „страста на Туѓман која им недостига на денешните политичари“ и дека ја одиграл улогата најдобро што можел. Хрватскиот неделник напиша дека „Спејси е посилен во интерпретацијата и од самиот Туѓман“.

Хрватскиот неделник наведува и дека во Америка се води хајка против Спејси и дека „злобните луѓе во Хрватска се обиделе да ги стават неговите судски проблеми во прв план“.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....