22:34 - 30 октомври, 2026

Ќерката на нашата фолк-пејачка е вистинска убавица, тргна по стапките на мама и се фати за микрофонот

Драгана Јовановска  е млада пејачка која зад себе веќе има неколку авторски композиции „Гламур“, „Случајно“,  „Лага“ , „Оди си“, а пред неколку дена излезе и нејзиниот дует со пејачот Мартинијан Кириловски.

За јавноста е познато дека Драгана е ќерка на нашата фолк-пејачка Тања Јовановска – Трајкова. Но за разлика од мама, 19-годишната девојка се одлучи да влезе во светот на забавната музика.

Кратко е на сцената, но напорно работи и редовно објавува нов материјал. Нејзините песни се проследени и со спотови, а публиката ја сака нејзината топла и мила енергија.

Драгана минатиот месец за песната „Лага“ изјави дека не е посветена на некого конкретно, но дека со оваа песна сака да испрати генерално порака луѓето помалку да лажат.

„Денес некако сите околу нас лажат. Зборувам цел свет, насекаде. Сакам преку музика да испратам порака луѓето да престанат да лажат. Вистината е добра работа“, вели таа.

Првиот дует за неа е новата песна „Луди и наивни“ со Мартинијан. Преубава поп песна работена со Роберт Билбилов. Под  летниот спот веќе се собираат бројни коментари и комплименти за овој проект.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....