10:36 - 21 ноември, 2026

(Видео) Цеца откри што се случува во нејзината вила по големата поплава: „Санирано е, веќе не тече“

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека проблемот со поплавата во нејзината вила на Дедиње е решен, откако пред неколку недели по враќањето од Шпанија ја дочекал вистински хаос во дворот.

Пејачката неодамна се вратила од одмор кај ќерката Анастасија во Шпанија, но наместо мирно враќање дома, ја пречекала непријатна глетка – вода околу куќата поради пукната цевка.

Цеца сега сподели дека проблемот е отстранет, а информацијата ја соопштила во свој препознатлив стил – со шега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Таа се снимила пред вилата и покажала дека работите се завршени.

„Санирано! Веќе не тече“, кратко кажала пејачката.

Претходно, Цеца објави снимка од дворот на вилата на која се гледаше дека земјата е ископана, а водата направила проблеми околу нејзиниот дом.

По враќањето од Шпанија, каде што престојувала кај ќерката Анастасија, пејачката била незадоволна од ситуацијата и јавно побарала проблемот да биде решен.

„Водуриште тече веќе повеќе од 10 дена и ми прави штета. Сè ми е ископано, имам базен. Нека дојде водовод да го среди ова, кој ќе ми ја плати штетата?“, изјавила тогаш Цеца.

По повеќе од две недели, проблемот конечно е надминат, а пејачката потврдила дека во нејзиниот дом повторно владее мир.

Слични објави

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо

(Фото) Најзгодната српска актерка се соблече и го покажа совршеното тело: Еве на која егзотична дестинација ужива

Еспресо
Се вчитува....