14:17 - 21 ноември, 2026

(Фото) Моден двобој — Карлеуша и Џенифер Лопез во ист „Долче и Габана“ комплет вреден околу 2.100 евра

Јелена Карлеуша и Џенифер Лопез се главна тема поради идентичен моден избор. Двете се појавија во препознатлив цветен комплет на „Долче и Габана“, составен од кошула и шорцеви, чија вкупна цена изнесува околу 2.100 евра.

Карлеуша прва го претстави овој аутфит во април годинава. Тогаш комбинацијата ја надополни со мрежести хулахопки, сини очила за сонце и мини чантичка во иста нијанса, создавајќи впечатлив изглед во свој препознатлив стил.


Неколку месеци подоцна, истиот комплет го облече и светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез. Таа беше фотографирана во Таормина, Сицилија, каде што престојуваше по повод својот настап на ревија на модната куќа „Долче и Габана“.

Цветниот дезен со сина основа е дел од една од поновите колекции на италијанскиот моден бренд и веќе привлече внимание кај бројни љубители на високата мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Карлеуша и претходно знаела да се појави во креации што ги носат светски познати ѕвезди, а често истакнува дека внимателно ги следи светските модни трендови и дека сака да експериментира со впечатливи дизајнерски парчиња.

На социјалните мрежи веќе започнаа споредбите меѓу двата стајлинга, при што љубителите на модата дебатираат чија интерпретација на овој „Долче и Габана“ комплет е поуспешна.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....