13:59 - 31 октомври, 2026

(Фото) Прво лето како родители — Дејан Манасков и Билјана со синчето Давид уживаат на семеен одмор во Грција

Македонскиот ракометар Дејан Манасков и неговата сопруга Билјана Стојановска летово уживаат на семеен одмор во соседна Грција, заедно со нивниот четиримесечен син Давид.

На фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи може да се види дека семејството ги минува топлите летни денови покрај море, уживајќи во заедничките моменти со својот наследник.


Пред да отпатуваат во Грција, Манаскови дел од летото го поминаа и во Македонија, посетувајќи неколку домашни туристички дестинации, меѓу кои Охрид и Берово.


Дејан Манасков и Билјана Стојановска стапија во брак на 31 јануари годинава. Билјана, која е вработена во маркетинг-секторот на Канал 5 телевизија, за свадбениот ден избра венчаница од македонскиот дизајнер Игор Марков, а првите фотографии од свадбената прослава ги објави нивната кума Тамара Тодевска.

Само еден месец по свадбата, на 1 март, двојката го доби своето прво дете – синот Давид. Ова е нивното прво лето во улога на родители, кое го минуваат во знакот на семејните патувања и заедничките моменти.

Слични објави

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо
Се вчитува....