32.6 C
Скопје
10:41 - 7 август, 2026

Дарко Лазиќ се огласи по скандалот кој предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи

Српскиот фолк-пејач Дарко Лазиќ повторно се најде во центарот на скандал откако во јавноста проструи фотографија на која со рацете го покажува симболот на двоглавиот орел, што предизвика лавина остри реакции и револт во регионот. По бројните критики, пејачот објави две нови пораки на своите социјални мрежи со кои обиде да даде свој коментар, но наместо да ги смири страстите, само предизвика дополнителни реакции.

Лазиќ најпрво објави порака на англиски јазик во која истакна дека не му е грижа што зборуваат луѓето за него, а веднаш потоа сподели и илустрација од личност во која сите упатуваат прст, придружена со цитат:

„Можеш да направиш 100 добри работи, луѓето сè уште ќе ја паметат онаа една грешка“.

Овие контрадикторни објави веднаш покренаа дебати меѓу неговите следбеници. Додека од една страна тврди дека не му е грижа за мислењето на јавноста, од друга страна тој самиот го нарекува својот потег „грешка што сите ја паметат“, оддавајќи впечаток дека сепак длабоко го погодиле негативните коментари.

Иако претходно се правдаше дека зад спорната фотографија немало никаква лоша намера, јавноста смета дека пејачот сега глуми жртва.

Слични објави

По концертниот спектакл во Охрид, Слаткар на заслужен одмор се капеше со синот Моша

Е.А.

Бојана Скендеровски сподели фотографија од плажа и порача – „Ако постои рајот на Земјата, тогаш е тука“

Е.А.

Хороскоп за 7 август: Водолиите може да имаат конфликт на работа, Рибите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Видео) Отпатуваа на нова луксузна дестинација – Дарко и Катарина Лазиќ уживаат во замок со огромен базен

Еспресо

(Фото) Маја Шупут во светкаво бикини блесна како морска сирена

Еспресо

„Девојката работи во неговите пекарници, прави бурек“: Јована Јеремиќ се огласи за поранешниот Драган и свршувачката

Еспресо
Се вчитува....