5.8 C
Скопје
06:58 - 1 април, 2026

Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријавила вереникот за семејно насилство: Вербален конфликт, навреди и интервенција на полиција

Актерката Јована Балашевиќ (42), ќерка на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, минатата сабота го пријавила својот вереник Александар Јовановиќ за семејно насилство.

Како што дознава српски Курир, парот најпрво имал вербален конфликт во станот во кој живеат заедно, од кој Јована сакала да се исели, па таа дошла да си ги собере работите. Потоа со бројни навреди ја заклучил во станот и и рекол да повика полиција, по што таа стапила во контакт со нејзината мајка Оливера Балашевиќ (63) која ги контактирала надлежните органи. По пристигнувањето на полицијата, Јовановиќ ја пуштил да излезе од станот.

– Не би зборувала ништо на оваа тема, за доброто на децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е сè што можам да кажам засега, ве молам за разбирање – изјавила кратко Јована за српски Блиц.

Според информациите на полицијата од Нови Сад, на Јовановиќ, инаку поранешен претседател на Собранието на Град Нови Сад, му е одредена итна мера на забрана на доближување и против него е поднесена кривична пријава за семејно насилство.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....