25.8 C
Скопје
20:02 - 13 август, 2026

Ќерката на Гоца Тржан најави голема промена, ќе го замени презимето на татко ѝ со презимето на мајка ѝ

Ќерката на пејачката Гоца Тржан и Иван Маринковиќ, Лена Маринковиќ, со кратка порака на социјалните мрежи привлече големо внимание и најави промена на презимето.

Гоца Тржан и Иван Маринковиќ во бракот ја добиле ќерката Лена. По нивното разделување, пејачката сама се грижела за неа во текот на нејзиното растење.

Лена досега го носеше презимето на татко ѝ – Маринковиќ, но сега откри дека наскоро би можела да го промени и да го земе презимето на мајка ѝ, односно да стане Лена Тржан.

Повод за реакциите беше коментарот на еден од нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Зарем не е Лена Тржан?“, ја прашал тој.

Лена набрзо одговорила со кратка порака:

„Ќе биде наскоро.“

Нејзиниот одговор веднаш привлече внимание, особено поради тоа што веќе подолго време се пишува за нејзиниот однос со татко ѝ.

Лена неодамна го прослави својот 19. роденден. По тој повод, нејзината мајка ѝ упати емотивна честитка и ја опиша како своја „најголема радост и страв истовремено“.

Гоца тогаш се присети и на моментите од раѓањето на Лена, како и на стравовите со кои се соочувала како мајка.

„Оваа наша заедничка фотографија од нуркањето е толку симболична: сакав да ти помогнам да го победиш стравот од длабочината, стравот од непознатото, стравот од ајкулите и затоа заедно се соочивме со нив. Токму како што јас пред 19 години се соочив со стравот од загубата, од животот, од безрезервната љубов, а ти ми дојде како награда и начин да ги победам“, напишала Гоца.

 

Слични објави

(Видео) „Ќе те сакам до последниот здив“: 11 години помладиот свршеник на Тања Савиќ јавно ѝ искажа љубов

Еспресо

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

(Фото) Зајдисонце, плажа и многу насмевки – Сара Мејс и Димитар Атанасовски на семеен одмор во Египет

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

Еспресо

(Фото) Ана Севиќ со семејството е во близина на големиот пожар во Црна Гора: „Господе Боже, помогни“

Еспресо

„Одев само во основно училиште“: Свршеникот на Јована Јеремиќ ја откри вистината за образованието

Еспресо
Се вчитува....