00:57 - 12 ноември, 2026

Кејт Мидлтон и принц Вилијам ќе одат на турнеја во САД, дали е во програмата и средба со Хари и Меган?

На почетокот на декември 2022 година, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе тргнат на голема турнеја во САД, пренесува Мирор.

Како дел од нивната американска турнеја, парот ќе присуствува на голем број социјални настани, вклучувајќи ја и церемонијата на наградата Earthshot, која ќе се одржи во Бостон на 2 декември. Според кралскиот експерт Роја Ника, ова патување може да биде одлична шанса за Кејт и Вилијам да ги „вратат срцата на Американците“ по контроверзното интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.

„Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон може да ја гледаат својата турнеја како можност за подобрување на позицијата на британската монархија во Америка, бидејќи кралското семејство сега е во неволја во САД“, рече Ника, цитиран од Мирор.

Кралскиот пар не ја посетил Америка од 2014 година, кога дојдоа во Њујорк и присуствуваа на голем број настани. Дали принцот и принцезата од Велс ќе се сретнат со војводите од Сасекс за време на нивната турнеја во САД, сè уште не е познато.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....