23.8 C
Скопје
15:12 - 29 септември, 2026

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Самопрогласениот „Богот на веѓите“, Адам Адактaр, организираше гламурозен настан во својата луксузна вила каде што собра бројни познати личности од српската естрада. Во свој препознатлив стил, Тој пред медиумите зборуваше за своите амбиции, новите деловни проекти и улогата на семејството како негов најголем столб.

Адактaр изненади со својата изјава за иднината и плановите за повлекување:

„Подготвив еден филм со помош на ВИ кој го осликува целиот мој труд. Сè започна со една идеја која растеше и во која се вклучи целото семејство. Некој ќе рече дека имам империја, но јас имам сосема поинакви амбиции. Ако за 10 години не бидам таму каде што сакам, ќе заминам на некоја планина и повеќе нема да ме видите“.

Адам упати и директна порака до младите луѓе за довербата и поддршката од најблиските:

„Млади луѓе, не ги слушајте луѓето околу вас, никој не ви мисли добро освен вашето семејство. Не постои личност што ќе ви посака нешто подобро од себе, освен вашите најблиски. Мислам дека не полудев во одредени моменти само затоа што го имам семејството. Сите имаме моменти кога сме пред нервен слом и сакаме да се откажеме, и тогаш треба да имате луѓе кои веруваат во вашата цел“.

Неговата сопруга Анѓела додаде дека Адам е човек кој никогаш не застанува и постојано работи на своите визии, додека Адам истакна дека таа е единствената личност на планетата која може да го издржи неговиот темпо и карактер.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....