15:43 - 8 ноември, 2026

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Македонскиот модел Елена Ѓорговска деновиве престојува во Минхен, каде што го посети Октоберфест, еден од најпознатите фестивали во Германија.

Дел од атмосферата таа ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, а на фестивалот беше во друштво на својата сестра.

За оваа пригода, двете избраа комбинации инспирирани од традиционалната баварска женска носија – дирндл.

Фото: Инстаграм/Елена Ѓорговска

Елена носеше долго кафеаво здолниште во комбинација со струкирано елече и бела кошула, додека и нејзината сестра се одлучи за слично издание.

На фотографиите сестрите позираат на повеќе локации од фестивалот, а не изостанаа ниту препознатливите големи кригли со пиво.

„Ретка фотографија од нас каде што одбираме пиво, наместо шампањ“, напиша Ѓорговска покрај една од фотографиите.

Фото: Инстаграм/Елена Ѓорговска

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....