21:15 - 8 ноември, 2026

Кате „Нели ти реков“ е среќна баба, ги покажа внуките со уникатни имиња

Пејачката Катерина Танева- Ѓоргиев ги покажа внуките на Фејсбук. Кате инаку е уште позната по прекарот Кате- „Нели ти реков“ по групата во која пееше долги години.

-Мојот свет. Моите две срца. Катја и Арија“, напиша Кате и доби многу убави коментари од пријателите под сликата која е од трети октомври, но таа уште добива коментари и пофални зборови.

Во септември во 2024 година, Кате на Фејсбук објави дека добила зет, а на сликата ги означи нејзината ќерка Ларита и зетот Горан. Инаку, пејачката од Неготино не го експонира приватниот живот во јавноста.

Кате е со сопругот 27 години во брак и со радост раскажува дека тој ѝ е најголема поддршка и ја следи на многу настапи.

Таа вели дека не ѝ пречи што луѓето сѐ уште ја виката Кате од „Нели ти реков“, иако со таа група веќе поради обврски не настапува со ист интензитет како порано.

-Кога ќе се разочарам, тој е тука да ме смири, да ме искритикува, па понекогаш и да се скараме, затоа што тој поинаку ги гледа работите. Во еден период, јас се разочарав од музичката состојба кај нас, но тој е тој што „со карање“, како што се вели, ме тера да продолжам понатаму“, раскажа пејачката во една прилика за „Слободен печат“.

 

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....