16:27 - 26 ноември, 2026

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

Супругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, често ги дели своите совети за исхрана и тренинзи на социјалните мрежи, но токму поради тоа неодамна се најде на мета на негативни коментари. Еден од следбениците ја советуваше да „ужива во животот и да се угледа на Дарко кој ужива во храната, пиењето и излегувањата“, додавајќи дека во спротивно тој може да најде некоја слична на себе.

Катарина не остана рамнодушна на овие провокации, па јавно одговори без влакна на јазикот:

„А што ако јас во ова уживам? Уживам да тренирам, уживам кога ги гледам резултатите од својот труд. Уживам да се разбудам без мамурлак, уживам да се чувствувам добро во своето тело и во патувањата со луѓето што ги сакам. Дисциплината не ми е казна, тоа е живот кој сама го одбрав. Не мора секој да живее како мене, но престанете да се однесувате како некој што не пие и води грижа за себе да пропуштил живот. Можеби само имаме различна дефиниција за уживање“.

Потсетуваме, Катарина неодамна го привлече вниманието на јавноста и кога покажа талент за пеење за време на Шабачкиот вашар, иако нејзиниот сопруг изјави дека музиката е минато за неа и дека дует не доаѓа предвид.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо
Се вчитува....