18:12 - 5 ноември, 2026

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Сергеј Варошлија отворено зборуваше за љубовта, вљубувањето и приватниот живот во гостувањето во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор.

На директното прашање дали во моментов е вљубен, познатиот стилист кратко одговори: „Не“, а потоа објасни како денес гледа на емоциите и партнерските односи.

„Нема ништо поубаво од тоа човек да се вљубува. Нема ништо поубаво од тоа да се вљубуваш по сто пати. Замисли колку би ти било добро, на две-три недели да се вљубиш, па пак да си одиш“, рече Сергеј.

Тој смета дека токму почетокот на вљубувањето носи најсилни чувства, но дека тие не секогаш се вистински показател за тоа каков ќе биде односот меѓу двајца луѓе.

„Тие први две-три недели, или еден месец или како и да е, се најинтензивните чувства што ги имаме, а не сфаќаме дека тие се и најлажните чувства. Сите се ‘лепат’ на тие пеперутки, а не размислуваат дека некогаш тие пеперутки се рефлекс. Нам ни е пласирано дека тоа е тоа, но не е“, рече Варошлија.

Сергеј призна дека денес е повнимателен кога ќе почувствува силни емоции кон некого и дека наместо веднаш да им се препушти, се обидува да направи дистанца.

„Ако почувствувам нешто такво, јас веќе се тргам на дистанца. Си велам: ‘Чекај, полека’. Тоа инстант чувство се случува, меѓутоа многу ретко е тоа што мислиме дека е“, објасни тој.

Варошлија вели дека со текот на времето научил повеќе да се цени себеси и дека повеќе не сака во љубовните односи да се дава во мера во која го правел тоа порано.

„Се сакам самиот себе, се вреднувам самиот себе и сум решил да не се делам себеси веќе до толку колку што сум го правел тоа во минатото“, рече Сергеј.

Во разговорот се отвори и прашањето дали своите партнери ги крие од јавноста. Варошлија призна дека би сакал приватниот живот да го задржи подалеку од очите на јавноста, но дека тоа не секогаш е возможно.

„Некого не можеш да го скриеш. Не сум јас светски познат, меѓутоа сум доволно познат за овој град и за овој простор, па каде и да отидам и со кого и да отидам, луѓето ќе ја поврзат таа личност со мене и ќе се интимизира тој однос“, рече тој.

Токму поради тоа, како што објасни, неговата желба да ги заштити партнерите од јавноста не произлегува само од потребата да ја зачува сопствената приватност, туку и од желбата да ги заштити луѓето со кои е во врска.

„Јас би сакал да ги сокријам, но не ми успева. Секогаш го сакам тоа затоа што мислам дека така е подобро за нив. Мислам дека не може секој да се носи со притисокот од јавноста. Не е секој подготвен да биде предмет на каква било комшиска дискусија, а камоли на јавна дискусија“, вели Варошлија.

Особено остар беше кога зборуваше за коментарите на социјалните мрежи и за начинот на кој непознати луѓе знаат да навлегуваат во туѓата приватност.

„Живееме во време на интернет-простор, каде што на секоја будала со тастатура ѝ е дозволено да коментира и да донесува какви било заклучоци“, рече Сергеј Варошлија во „Полиграф“.

Слични објави

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.
Се вчитува....