Хрватскиот пејач Жак Хоудек во ново интервју зборувал, меѓу другото, и за својата физичка трансформација. Тој открил дека успеал да ослаби 30 килограми, но не планира тука да застане.

Тој вели дека луѓето, кога ќе го погледнат, веројатно претпоставуваат дека постојано се храни во ресторани за брза храна, но тврди дека тоа не е вистина.
„Таков сум цел живот. Секако, постои и генетска предиспозиција, но постои и нешто добро, а тоа е што немам здравствени проблеми. Освен што имам тие луди килограми, а нив треба да ги решам. Веќе малку се плашам бидејќи имам 45 години, не ми е сèедно“, рекол тој во гостувањето во емисијата „Шоу на квадрат“ на „Вечерњи“.
Пејачот открил и дека направил здравствени тестови кои покажале дека никогаш немал покачено ниво на шеќер во крвта ниту висок холестерол.
Сепак, свесен е дека тоа не значи дека може да го занемари своето здравје.
„Тоа е мојата среќа во несреќа. Дали тоа ме смирува? Не многу, малку. Свесен сум дека морам да се ослободам од тој товар. Но, се надевам дека смеам да се пофалам дека, за разлика од 2020 година, кога ја имавме таа корона и бевме во карантин, бев потежок дури 30 килограми. Знам дека тоа им звучи неверојатно на луѓето кога вака ме гледаат. Би сакал да симнам уште 30“, изјавил Удек.
Неговата борба со вишокот килограми минувала низ различни фази на слабеење, но и повторно зголемување на телесната тежина.
Пејачот и претходно во интервјуа зборувал за тоа колку е тешко долгорочно да се одржат постигнатите резултати, особено кога станува збор за значително слабеење.
