05:06 - 6 ноември, 2026

(Фото) Маја Вукичевиќ горда на успехот на синот Горазд: „Срцето ми е исполнето со гордост и среќа“

Убав повод за радост и славење има во семејството на пејачката Маја Вукичевиќ, која со своите следбеници го сподели големиот успех на својот син Горазд.

Вукичевиќ на својот инстаграм-профил објави фотографии со синот, кој се стекнал со титулата магистер по професионално сметководство.

Гордата мајка сподели заеднички фотографии од свеченоста и од доделувањето на дипломите, а по повод неговиот успех му посвети и емотивна порака.

„Честитки, мој драг сине, за стекнувањето со титулата магистер по професионално сметководство!

Денес срцето ми е исполнето со гордост и среќа додека го славам твојот огромен успех. Да те гледам како растеш, напорно работиш и ги следиш своите соништа е една од најголемите радости во мојот живот.

Ти посакувам иднина исполнета со успех, среќа, љубов и бескрајни можности. Секогаш верувај во себе, следи го своето срце и никогаш не престанувај да се стремиш кон остварување на своите соништа.

Ова е само почеток на твоето прекрасно патување и знам дека најдоброто допрва доаѓа.

Неизмерно сум горда на тебе, сине мој! Те сакам до Месечината и назад!“, напиша Вукичевиќ.


По објавата следуваа бројни честитки и убави желби упатени до Горазд по повод неговиот професионален успех.

Меѓу оние што му честитаа беа и познати личности од македонската естрада, меѓу кои Маја Гроздановска-Панчева и Ребека.

Слични објави

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.
Се вчитува....