15:17 - 1 април, 2026

Карлеуша по забраната за концерти на фолк пејачи во Пула: „Народната музика е вирус кој се шири низ крвта“

Јелена Карлеуш проговори за забраната за концертот во Пула, а потоа и во Осијек, на кој требаше да настапат Душко Кулиш, Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба и Зорана Миќановиќ.

Јелена прво објасни зошто Белград се разликува од другите градови, но и дека музиката се шири низ крвта и не може да се забрани:

– По повод некакви забрани на српски изведувачи во Хрватска или во било кое друго место на Балканот – Србија како најголема и најдоминантна во балканскиот збир, традиционално наметнува трендови и правила на игра во регионот. Како во музиката, така и во спортот и во сите други области, вклучително и со политиката. Било што што доаѓа од Белград, единствена метропола и епицентар, капиларно се шири кон провинциите и поприма на брзина и сила. Големината и силата на Белград е и во тоа што никогаш не забранува. Кога ќе прошетате низ Белград и ја видите, на пример, понудата на рестораните, тие нудат Денови на Хвар, Денови на Истра, Пула и Далмација…нудат гостувања на хрватски клапи, потоа имаме денови на Македонија, которски денови, понуда на комплетна црногорска мафија поделена по села, за Босна и да не зборувам…сараевски ќебап, денови на Сараево, Белград прифаќа се. Белград никого не забранува и затоа е центар. Забрани, поделба, омраза, и нетолеранција се болки на малите играчи. Нашата музика е вирус кој се шири по пат на крв, таа се чувствува со срце, со кожа…И таа не може да се забрани. Високо вирулентна е. Може евентуално да мутира и да ја промени формата, но нашиот балкански генетски код е таков што порано или подоцна, хронично заболуваме – порача пејачката.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....