14:27 - 7 ноември, 2026

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

Поранешниот реалност-учесник Божо Џонс, кој е близок пријател на пејачката Мина Костиќ, во интервју за српски „Блиц“ проговори за нејзината моментална состојба. Мина веќе некое време се наоѓа на лекување во психијатриската болница „Лаза Лазаревиќ“, каде што, според српските медиуми, била донесена поради тешка депресија, анксиозност и агресивно однесување.

Божа откри дека само две недели пред нејзиното хоспитализирање разговарал со неа за заеднички настап и дека ништо не укажувало на ваков исход. Сепак, тој смета дека падот во кариерата и финансиските притисоци си го направиле своето.

„Мина е огромен вокал и голем човек. Навикнати сме на сè најубаво и најскапо, но во последно време нејзината кариера беше во втор план, ја прегази времето и дојдоа помлади пејачки. Кога со години си на врвот, а потоа одеднаш те нема во медиумите и немаш настапи, тоа многу влијае на психичкото здравје. Сите навикнуваме на пари, па овој пад во кариерата веројатно беше причината Мина целосно да клоне“, изјави  Џонс.

Пејачката во болницата моментално ја посетуваат нејзиниот партнер Мане Ќурувија и нејзината сестра, а колегите од естрадата апелираат за мир додека таа минува низ најтешкиот животен период.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....