19:19 - 29 јули, 2026

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Дани Димитровска максимално ги користи летните денови за патувања, а на социјалните мрежи сподели дел од романтични авантури со својот сопруг.

Пред неколку дена, таа сподели убав момент со сопругот од нивниот престој во Прага. Иако времето во чешката престолнина не ги послужло сонце, па морале да се кријат под чадор додека во позадина ечела песната „Art Finds You“ од Marya Mayan, нивните насмевки јасно покажаа дека дождот воопшто не им го расипал романтичното расположение.

Фото: Инстаграм/Дани Димитровска

Но, по прашките дождливи денови, двојката се пресели на потопло место.

Пејачката на Инстаграм објави целосна спротивност од претходната дестинација. Дани со саканиот моменталнo ужива на море. Најновата објава открива прекрасен луксузен амбиент со инфинити базен кој се спојува со морското синило, а до ова слика, Дани ја споделила песната „Water Of Love“ од „Дајр Стреитс“.

Фото: Скриншот

Пред три месеи, Дани Димитровска објави слики од нивното патување во Виена, на кое ѝ се остварила голема желба.

„Концертот на Франц Фердинанд? Во град што изгледа како музеј, концертов беше изложба. Изложба на вредности. Музички. Не успеав да снимам многу, човекот замоли да бидеме присутни во моментот без телефони. Фала му.

А Виена? Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали. Кали“, напиша пејачката на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/Дани Димитровска

Таа објави неколку романтични слики од неа и сопругот, Горан Веселиновски – Весел за кого се омажи лани во септември, како уживаат во прошетките низ убавата Виена, во друштво на пријатели. Објави и видеа од концертот на шкотскиот рок-бенд „Франц Фердинанд“, кој е на турнеја низ Европа.

Слични објави

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.

(Видео) „Сингл животот е супер, слободена девојка“: Сања Савеска откри детали за љубовта

Еспресо

(Видео) Нема да верувате колку години наполни Бојана Лазиќ: Три торти и раскошен букет за славеничката

Еспресо

(Видео) Лепа Брена крена нога на концерт и ги „запали“ мрежите: „Она кога за малку ќе ти го скрши телефонот“

Е.А.
Се вчитува....