15.8 C
Скопје
10:38 - 10 мај, 2024

„Каприци на богати и луди“: Грејмс сака да прави „елфски“ уши, Илон Маск не се согласува; лавина коментари на социјалните мрежи

илон маск грајмс

Илон Маск не се согласува со размислувањето на неговата поранешна девојка Грејмс, и тоа го искажа на твитер.

Пејачката напиша дека сака да направи пластична операција за на ушите да им даде нова форма – форма на џуџе односно таканаречени елфски уши. Сепак, таа се уште размислува за таа можност зашто се плаши од непријатни последици: ‘рскавицата може да зараснува долго  време, што може да и пречи на нејзината музичка кариера.

Дали некој направил „елфски“ уши? Се плашам дека на ушната ‘рскавица ќе и треба долго време да зарасне. Како музичар оваа операција ми изгледа ризична, но тоа го посакувам цел живот. Интересно искуство луѓе!, напиша Грејмс.

Доколку навистина напави елфски уши, ова нема да биде едиснтвена пластична операција на музичарката: пејачката претходно беше подложена на експериментална операција на очите, заменувајќи го горниот слој на очното јаболко со портокалова „кожа“. Благодарение на ова, таа престана да ги разликува нијансите на сина боја, што, според пејачката, ѝ предизвикало депресија.

Сепак, на Маск очигледно не му се допадна идејата на поранешната девојка хируршки да го промени обликот на ушите.

– Недостатоците на оваа операција се многу поголеми од предностите, ѝ одговори Илон Маск.

На социјалните мрежи ваквите коментари предизвикаа лавина реакции.

Некои од коментарите се дека Илон Маск наместо да алармира и да притрча на помош, решавајќи ги психичките нарушувања на мајката на неговите две деца, пејачката Грејмс, буквално „ја трола“ во коментари на Твитер. Други пак, коментираат дека станува збор за каприци на богати и луди луѓе. Во принцип, што друго да се очекува од парот [иако поранешен] кој својот најстар син го именуваше X Æ A-12 а нивната ќерка Exa Dark Sideræl,– пишуваат корисници на Телеграм.

Грајмс и Илон Маск раскинаа во 2021 година. Набргу по разделбата се роди нивното второ дете кое го роди сурогат мајка. Девојчето го добило името Екса Дарк Сидерел. Маск и пејачката имаат и постар син, X Æ A-12.

Непосредно пред раѓањето на неговата ќерка од Грејмс, Илон Маск доби близнаци од една од неговите вработени. Ова стана познато во јули годинава. Раѓањето на децата беше причина за разделбата на Маск од неговата нова девојка, актерката Наташа Басет.

По разделбата од Маск, Грајмс пак, имал афера со трансродовата жена по име Челзи Менинг, која е позната по објавувањето на американските воени податоци на Викиликс. Неодамна се дозна за нивната разделба.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 10 мај: Водолијата ќе се вљуби во Лав, Биковите се во хармонија со партнерот

Еспресо

(Фото) Прекината телевизиската програма во пресрет на Евровизија: На екраните се појави порака

еспресо

(Фото) Масовни протести во Шведска поради Израел на Евровизија: Инцидент на пробата на претставничката Еден Голан

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ воодушеви со слика од домот: Емотивната глетка ги разнежни сите!

Еспресо

Крис Џенер откри дека има рак: „Ми најдоа циста и мал тумор…“

Еспресо

(Видео) Пред и по 34 години! Легендарната Тајчи го облече евровизискиот фустан од 1990 година и ја запеа „Ајде да лудуваме“!

Еспресо
Се вчитува....