29.8 C
Скопје
11:39 - 11 септември, 2026

Познатата атлетичарка има 40 години и никогаш не водела љубов: Решена сум за прв пат да имам секс во брак, но не можам да го најдам вистинскиот маж

Покрај со професионалната кариера, познатата американска атлетичарка Лоло Џонс ја заинтригира јавноста и со својот животен стил и верувања, а пред се со одлуката да нема секс пред брак, за што неодамна проговори и самата.

– Се обидував со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги атлетичари, но секогаш ќе следеше раскинување и ќе ми се скршеше срцето. Решена сум за прв пат да имам секс во брак, но не можам да го најдам вистинскиот маж – изјави 40-годишната спортистка и додаде дека откако решила јавно да проговори за тоа, списокот на мажи со кои би можела биде дополнително се намалил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)

– Тоа беше грешка, ми ги уби сите состаноци после тоа. Немав шанси, порано секогаш мислев: Добро, како да му кажам, дали да чекам да ме запознае како личност или само да ја фрлам бомбата – рече таа.

Неодамна во објава на својот Инстаграм откри колку сака семејство и дека решила да се обиде со вештачко оплодување и замрзнување јајце-клетки.

-Ќе продолжам да се молам на Бога да ме удостои со достоен човек. Со години се молам и пролеав многу солзи да ми дозволи Господ да најдам маж. Дури се молев ако не сака да се омажам, да ја отстрани таа желба од моето срце. Но, како што минуваа годините, се повеќе сакав да се мажам и сакам да имам свое семејство. Продолжуваат да ми го кршат срцето – рече Џонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)

– Често ме задеваат бидејќи решив да немам секс пред брак. Момчиња ми пишуваат дека сум стара. Дека сум испрана и треба да завршам со тоа. И така заплакувам. Каде си, Боже? Еден дел од Библијата вели: ‚Ако побарате нешто во мое име, ќе го направам тоа.’ Го замолив Бог да ми ја исполни желбата на моето срце. Твојот збор вели дека двајца се подобри од еден – додаде таа.

Џонс настапи на Олимписките игри во Лондон, каде што ја пропушти бронзата за десет стотинки. Таа е една од ретките спортистки кои ги претставуваа САД и на Зимските и на Летните олимписки игри. Во Пекинг и Лондон трчаше на 100 метри со пречки, а во Сочи во 2014 година се натпреваруваше во боб.

Слични објави

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо
Се вчитува....