5.8 C
Скопје
00:48 - 1 април, 2026

КАЛИОПИ ОТВОРЕНО И БЕЗ СУЕТА: Срамно, Есма не го заслужуваше ова!

калиопи

По повод пет години од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова, во емисијата „Бектејџ“ посветена на Есма, Калиопи зборуваше отворено и без суета.

(ФОТО) ТУРУНЏИЕВА СО ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ВО СПОМЕН НА ЕСМА: Една принцеза и една кралица…

Есма Реџепова, или кралицата на ромската музика и песна, почина во 2016 пред пет години и ја остави својата куќа на државата, како своевиден Музеј на хуманоста. Пејачката во својата вила одгледа повеќе од 40 деца со сопругот Стево Теодосиевски и нејзината желба беше тој дом да биде дом на солидарноста. Но, она што не го знаеше јавноста, а и самата Калиопи, е дека оваа куќа поради семејните односи, е оставена на забот на времето и наводно веќе не е ни можно да се домува во неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи со најголема љубов и силни емоции ја раскажуваше својата релација со оваа пејачка , потсетувајќи се на најважните мигови од животот и нивната соработка на песната „Бел ден“.

„Кога ја сретнав кралицата на македонската и ромската песна, за мене таа беше синоним на светски уметник, возбуда. Си ја нарекував „ромското бајадерче“, затоа што таа беше навистина секогаш расположена, со насмевка“, изјави Калиопи.

Нашата дива не знаела за ситуацијата со куќата и изненадено изјави дека е потресена и дека тоа што се случува со куќата на Есма и целосното нејзино творештво, е само огледало на она што сме ние, и нашата немарност. Дополнително кажа дека таа со сигурност не го заслужила овој третман, туку напротив многу многу повеќе од сите нас…

Целото интервју можете да го погледнете овде:

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....