17:08 - 31 јануари, 2026

Каква е листата на желби за престојот на Викторија и Дејвид Бекам во Хрватска? Пош Спајс важи за многу пребирлива гостинка

Дејвид и Викторија Бекам оваа година слават 23 години брак, а фудбалерот ја израдувал сопругата со патување прво во Париз и Венеција, а потоа и во Хрватска.

Со парот на одмор е и ќерката Харпер, која штотуку го прослави 11-от роденден.

Како што пишува „Дубровачки дневник“, Бекамови се сместени во еден од најлуксузните комплекси на крајбрежјето, а цената за ноќевање е навистина само за оние со длабок џеб.

Хрватскиот портал наведува дека оваа информација е потврдена од неофицијални, но сигурни извори, како и дека за славната двојка има обезбедување пред комплексот Лопуд 1483.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Сепак, брачната двојка имала и одредени барања. Така, на пример, само за да посетат еден од најпознатите ресторани на островот Шипан, биле многу конкретни дека никој не смее да ги фотографира, а тоа посебно им го истакнале на персоналот. За жал, ова барање не беше исполнето и хрватските портали се преполни со нивни фотографии, пренесува србијаданас.

Според хрватскиот весник 24сата асистенката на Бекамови ги предупредувала слаткарниците секогаш пред да стигне Харпер за да си купи сладолед, а особено кога по сладолед доаѓале цела фамилија Бекам.

Интересно е што ова не е прв пат Бекамови да летуваат на Јадранот. Така во 2018 година тие летуваа  во Црна Гора со своите деца. Парот тајно слета на аеродромот во Подгорица и престојуваше во едно од најлуксузните одморалишта на Свети Стефан, каде во 2014 година Новак Ѓоковиќ приреди и свадбена веселба со Јелена.

Викторија Бекам инаку одамна важи за многу захтевна гостинка кога се хотелите во прашања. Според Пејџсик оние кои патувале со поранешната Спајс Грл тврдат дека секогаш од персоналот барала премногу, на пример, секогаш кога ја напуштала хотелската соба, собарките да ги менуваат чаршафите, да ги заменат сите крпи и целосно да го исчистат местото – повеќе пати на ден. Пред неколку години, кога персоналот во одморалиштето во Медовуд Напа не успеале да ги исполни нејзините високи очекувања, Пош Спајс, наводно, се јавила на менаџерот и се пожалил толку бурно, што го платил целиот тридневен престој на нејзиното семејство. Персоналот сè уште зборува за тоа, но не смее ништо да излезе во јавност.

Веројатно, и хрватските работници се на мака, но малку од тоа што се случува, во однос на барањата на славниот пар, воопшто ќе дознаеме.

(ФОТО) Дејвид и Викторија Бекам летуваат во луксузен комплекс во близина на Дубровник

Слични објави

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо
Се вчитува....