21.8 C
Скопје
07:28 - 21 август, 2026

(ФОТО) Дејвид и Викторија Бекам летуваат во луксузен комплекс во близина на Дубровник

Дизајнерката Викторија Бекам и нејзиниот сопруг фудбалерот Дејвид Бекам пристигнаа на одмор во Хрватска. Како што пишува Дубровнички дневник, познатиот пар во областа Дубровник ја прослави 23-годишнината од бракот и роденденот на ќерката Харпер.

Бекамови се наоѓаат во луксузниот комплекс Лопуд 1483 на островот Лопуд. Тие на социјалните мрежи објавија фотографии од роденденската прослава.

– Среќен роденден, Харпер! – пишува покрај фотографија од девојчето кое позира со голема розова торта во ресторанот.

Луксузниот имот на кој се одмора славниот пар некогаш бил манастир. Го реновирала грофицата Франческа фон Хабсбург и направила комбинација од музеј, елегантен бутик хотел и духовно светилиште на 21 век заедно со црква, камбанарија и романескен манастир, а Светата градина е дел од комплексот. Денес е едно од најпознатите и најпопуларните места на Јадранот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Цената на едно ноќевање во комплексот на Лопуд е околу 1.400 евра, додека наем за десет лица изнесува 10.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Како што пишува гореспоменатиот медиум, познатиот дизајнер и фудбалер претходно го посетиле ресторанот Bowa во Шипан, а условот за одење таму бил – „без фотографирање“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....