07:04 - 3 април, 2026

КАКОВ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ИМА КРАЛИЦАТА: Телефонира само со двајца кои можат да ѝ се јават во секое време

кралица елизабета

Кралицата Елизабета Втора несомнено е една од најзаштитените личности во светот и наводно, нејзините електронски уреди е невозможно да се хакираат.

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИМА ПЛАН ЗА СВОЈОТ ПОГРЕБ: Сè е испланирано до последен детаљ

Имено, 95-годишната кралица користела мобилен телефон од марката „Samsung“ кој е заштитен од МИ6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.

„Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана, и менаџерот на коњски трки Џон Ворен“, рече Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот на „THE ROYALLY US“.

Кралицата го познава Ворен преку покојниот пријател, грофот Карнарвон, чиј зет е Џон.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Иако во последно време кралицата не се чувствувала добро и лекарите ја советувале да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.

„Кралицата рече дека се чувствува многу подобро и дека се радува на пречекот на своите гости за Божиќ“, изјави извор за „Daily Mail“, а кралицата ќе ги дочека празниците без принцот Хари, Меган и нивните две деца.

ШТО ЈАДЕ КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Поранешен готвач во Балморал открива кои се нејзините вкусни задоволства

Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а за кралицата ова ќе биде прв Божиќ без принцот Филип и внукот Хари.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....