20:49 - 5 мај, 2026

Како Камерон Дијаз од 48-та до 54-та години доби три деца?

Актерката Камерон Дијаз и музичарот Бенџамин Маден неодамна го добија своето трето дете.

Парот веста за проширувањето на семејството ја објави во понеделникот, 4 мај, кога фронтменот на бендот Good Charlotte на социјалните мрежи потврди дека нивното трето дете пристигнало на свет.

Наместо класичен портрет од бебето, парот избра уметничка илустрација на брод, со што суптилно го објаснија значењето на името на својот наследник.

„Камерон и јас сме среќни, возбудени и се чувствуваме благословено што можеме да го објавиме раѓањето на нашето трето дете, кое се вика Наутас Маден. Добре дојде на свет, сине“, пишува во објавата.

„Го сакаме животот со нашето семејство – нашите деца се здрави и среќни, и многу сме благодарни за сè. Ви испраќаме најубави желби – семејството Маден“, додаде музичарот.

Камерон и Бенџи се во брак од 2015 година. Покрај новородениот син, тие се родители на петгодишната ќерка Радикс и едногодишниот син Кардинал.

Парот своето прво дете го доби преку сурогат мајка во 2019 година.

„Уживам да бидам мајка. Ова дефинитивно е најдобриот дел од мојот живот. Многу сум благодарна што сè се случи вака и што покрај себе во овој момент имам прекрасен сопруг. Едноставно уживаме во секој момент и пресреќни сме. Сè уште не можеме да поверуваме дека ни се оствари тоа“, изјави Камерон, пренесуваат странските медиуми.

Со оглед на тоа што во тој период беше пандемијата на ковид-19, актерката раскажуваше како таа и нејзиното семејство го поминувале времето.

„Секоја вечер готвам, бидејќи тогаш единствено ми останува слободно време да му се посветам на готвењето. Прво ја капеме малата, а потоа Бенџи ја става да спие. Тогаш јас одам во кујна и отворам шише вино. Мојот живот е карантин веќе последните три месеци, нема некоја разлика освен што тогаш можев да ги видам пријателите, а сега не можам. Но, не се жалам, уживам во тој затворен балон“, порача Камерон тогаш.

Камерон и Бенџи во 2024 година добија и син, на кого му го дадоа името Кардинал. Веста за нивното трето дете ги изненади сите, бидејќи никој не знаеше дека планираат проширување на семејството.

Камерон Дијаз своето прво дете го доби на 48 години, а третото на 54. Во своите изјави истакнуваше дека мајчинството целосно ѝ го променило животот, а за да му се посвети на семејството, направи и пауза во кариерата.

Иако сега улогата на мајка ѝ е најважна, актерката претходно тврдеше дека не сака деца.

„Не се покајав што уште на 18 години решив дека не сакам да раѓам деца“, изјави таа еднаш за странските медиуми и додаде:

„Децата подразбираат обврски, а јас очекувам многу од животот и сакам целосно да му се посветам на себе, но и да работам за други. Мојот живот без деца е добар, но не беше лесно да се донесе таа одлука“.

Тоа не го сметаше за себична одлука, како што многумина коментираа.

„Тоа што не сакам деца не значи дека немам емоции и дека сум себична“, заклучи тогаш Дијаз, но очигледно подоцна ја променила одлуката.

Слични објави

„Моето дете помина низ пекол“ – Познатата српска водителка проговори за разводот, сплетките и поддршката од Милица Митровиќ

E.A.

Јована Пајиќ се огласи од Бали: Наскоро се враќа во Белград заедно со Марија Шерифовиќ

Еспресо

Софија Шашиќ била исфрлена од авион поради грешка во документите – „Не ми веруваат како се викам“

E.A.

Покажете искрена намера и подарете нешто посебно – рачно изработена свеќа со приказна и стил

Еспресо

(Фото) Мали модни трикови за моќен впечаток – инспирирајте се од новата колекција на Glam and Glow

Еспресо

Ана Бекута замина на концертот на Тереза Кесовија во Сплит — емотивна средба на двете пејачки

Еспресо
Се вчитува....