15:12 - 27 ноември, 2026

„Моето дете помина низ пекол“ – Познатата српска водителка проговори за разводот, сплетките и поддршката од Милица Митровиќ

Популарната водителка на телевизија Пинк, Ана Радуловиќ, беше гостинка во најновото издание на подкастот „Hotcast“, каде во емотивен и целосно отворен разговор со новинарот Огњен Богдановиќ проговори за најтешките животни моменти. Таа откри дека зад неа е исклучително тешка 2025 година, обележана со развод по долгогодишен брак, но и сурови сплетки со кои се соочувала во јавноста.

Еден од најпотресните моменти во разговорот беше нејзиното признание за тоа како медиумскиот притисок се одразил врз нејзиното семејство, нагласувајќи дека нејзиното дете поминало низ вистински пекол поради сите скандали и шпекулации. Ана не прескокна ниту една тема, па детално зборуваше за односот со поранешниот сопруг Мирче Радуловиќ, но и за вистината зад нејзиното пријателство со колешката Ивана Шопиќ.

Посебен дел од разговорот таа посвети на поддршката што ја добила од газдите на Пинк, особено од Милица Митровиќ, во моментите кога ѝ било најтешко. И покрај сите удари, водителката истакна дека од овој период излегла посилна, позрела и подготвена за новите професионални предизвици во „Елита“.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....