14:22 - 7 април, 2026

Како изгледа појадокот во Тајван, Костарика и Египет?

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се на нозе или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна за да си го почне денот.

Тајван

Џанбинг

Во Тајван, вид на палачинка наречена џанбинг е честа брза храна и типичен појадок. Името буквално значи „пржена палачинка“. Направени од јајце и пченично брашно, палачинките може да се надополнат со низа различни состојки од шунка и кромид до соја, кикирики, јајца или свинско месо, како и сос од хоизин и чили.

Костарика

Гало Пинто

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrezza Martins (@andrezzamalves)

Гало Пинто е традиционално јадење од Костарика кое е вкусна комбинација од ориз и грав кои прво се готват одделно, а потоа се пржат заедно, зачинети со коријандер и често се служат со пржени јајца и зелени банани.

Египет

Фул Медамес

Фул медамес, националното јадење на Египет е чорба од фава грав, за која некои сугерираат дека датира од античкиот период. Се прави од сув фава грав, кој се вари полека и е едноставно зачинет. Кога ќе дојде време за јадење се служи со зачини и ароматични производи како екстра-девствено маслиново масло, сол, бибер, чили, лук, лимон и ким. Понекогаш се вклучени и други додатоци, како тврдо варени јајца, салата од краставици и домати, млад кромид и таан.

Слични објави

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin
Се вчитува....