3.8 C
Скопје
22:37 - 20 декември, 2024

КАЈ Е СЕВЕР? КАЈ Е ЈУГ? Ова срце како компас расипан, овие балкони само ги покажува

На рајските балкони на Лидија цвеќињата се толку романтични и убави, што дури ѝ пчелите и рајските птици сакаат да слетаат…

Денес разговараме со Лидија Стефановска која работи во трговија како касиерка, продавачка во објект со работно време – 24/7. Работата ѝ е сменска, во сите три смени што не ѝ пречи во нејзината „цветна манија“.

На прашањето: Колкав е дворот и каде се наоѓа?, нашата соговорничка Лидија, ни вели:

– Веднаш да си кажам, јас немам двор. Имам две тераси: јужна и северна за чиј стајлинг исклучиво јас се грижам.

Таа со поддршка и голем индивидуален труд ја уредува естетиката на својата градина.

– Имам три возрасни деца, два сина и ќеркичка кои се преокупирани со нивните обврски. Поддршката на маж ми е драгоцена бидејќи ми направи сталажи на тераса и престана да ми ги брои саксиите (се смее Лидија, н.з.).

– Конкретно за цвеќињата да кажам нешто. Обожавам секакво цвеќе… и сезонско и собно и сукуленти. Најважно за мене во успешно одгледување е да се знае точното име и според него да прочита кои услови ги бара. Во почеток купував сè што ми се допаѓа. А сега го купувам она за кое имам услови. Па, не е баш така.

Кога желбата е преголема си купувам и нешто што однапред знам дека нема да можам да го сочувам ама секој миг колку ќе го имам – уживам!

– Јужната тераса е акцетирана со цвеќиња во пролет и првата половина на летото. Подоцна како почнуваат жештитните, почнува убавината на северна тераса. Мора, и основно е да се знае кое цвеќе бара сонце и кој дел од денот. Мора со љубов и посветеност да се негува.

Лидија споделува со нас, кои цвеќиња ѝ се најдраги…

Омилени ми се старинските цвеќиња кои се познати по цел свет за рустичен и романтичен изглед на двориште, то се „Ehinacea“ – рудбекија, „Cosmos“, „Далија“, „Астер“, „Аквилегија“, „Клематиси“ и сите градински цвеќиња кои кај мене се обидувам на тераса да ги одгледам, што не е баш лесно ама и често ми успева. Тие се лесни. Сами се сеат, не мрзнат и секогаш прекрасни.

А, советот на Лидија за почетниците е мошне корисен.

– За оние кои се почетници можам да ти советувам да почнат со било кое цвеќе. Само секогаш знајте го името, она оригиналното. Не „јатрва“, „свекрвин јазик“, „пукни комшивке“ итн. Оригиналното име ќе ви каже како да го одгледувате.

– Секој ден барем половина час да поминеш со цвеќето душата ќе ти е полна, завршува нашата соговорничка.

Инаку, Лидија е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ВИДЕО И ФОТО СТОРИЈА) ВО КАВАДАРЦИ: Драгица филмски ни ги отвора вратите на нејзиниот легендарен двор!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО СТОРИЈА) ВО СЕЛО НОВАЦИ, ВО ЦВЕТНИОТ РАЈ НА ТОМЕ: Сложно семејство, двор гради!

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....