13.8 C
Скопје
15:14 - 30 октомври, 2026

Јелена Спенџарска искрено за самодовербата и притисокот од околината: „Ако не го најдам тоа што го сакам, нема да се омажам“

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска отворено проговори за личните несигурности, семејните очекувања и притисокот што го чувствуваат жените кога нивниот живот не се одвива според традиционалните претстави за успех.

Во гостувањето во „Кате подкаст“, во разговор со Катерина Ангеловска, Спенџарска сподели дека и покрај независноста и сопствените животни ставови, сè уште се соочува со очекувањата што ги усвоила додека растела.

Таа објасни дека разликите меѓу генерациите често создаваат внатрешен конфликт, особено кога желбите на родителите не се совпаѓаат со изборите на нивните деца.

„Повеќето од нас се борат со тоа да си ги усогласат ставовите со барањата и желбите на родителите. Јас долго време ја имав таа мака, нели, затоа што ние живееме сега во друго време, они се во друго време“, рече Јелена.

Според неа, иако денешните генерации имаат поинакви приоритети, многумина продолжуваат да го мерат сопствениот успех според критериумите со кои биле воспитувани.

„Значи јас сум постарата ќерка којашто мора да ги спаси сите, мора да биде најдобра во фамилијата, добро ситуирана, да имаш свој стан, да имаш своја кола, да имаш маж, да имаш деца и ако нешто од тие работи не си ги штиклирал, као ти си неуспешен“, раскажа таа.

Особено се осврна на прашањата за бракот и мајчинството, нагласувајќи дека не сака да носи важни животни одлуки само за да ги исполни очекувањата на другите.

„Абе ако не го најдам тоа што го сакам, нема да се омажам. Јас сум океј со тоа, ама потсвесно може и не сум океј затоа што во мојата глава баба ми, мајка ми, татко ми ми викаат: ‘Ова на листата не е потчкртано – кај се децата, кај е мажот?’“, призна Спенџарска.

Иако, како што вели, блиските не мора директно да ѝ го кажат тоа, таа понекогаш го чувствува притисокот и самата се обидува да се ослободи од таквите уверувања.

„Јас треба ментално да раскинам со тие работи. На тоа работам сега, дека тоа не е во животот целта“, истакна водителката.

Таа го доведе во прашање и уверувањето дека бракот и родителството сами по себе претставуваат доказ за исполнет живот.

„Еве, знаеш што си викам? ‘Па колку луѓе се омажија па се разведоа. Па колку луѓе родија деца на некои си ојлевци дојлевци, а тие деца трпат денеска’. И што тоа успех е? Кажи ми дали е тоа успех?“, додаде Јелена.

Слични објави

Карминот ви исчезнува по првиот пијалак? Испробајте го овој трик за подолготрајна боја

К.С.

(Фото) Николијa ги отстранила силиконите и се кае што некогаш ги вградила: Еве како изгледала пред естетските корекции

Еспресо

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.
Се вчитува....