Пејачката Николија Јовановиќ (37) отворено проговори за естетските интервенции на кои се подложила во минатото и призна дека денес за некои од нив длабоко се кае. Иако на социјалните мрежи често добива комплименти за изгледот и стомачните мускули што ги одржува и по две породувања, таа откри дека во младоста се соочувала со комплекси поради својот физички изглед. За своите искуства и одлуки што денес би ги донела поинаку.
Николија признала дека првата естетска интервенција на која се подложила била зголемувањето на градите. Во дваесеттите години од животот, оваа операција ѝ помогнала да се чувствува подобро во сопственото тело, но денес, со поинаква перспектива, смета дека не би ја донела истата одлука.
„Првото нешто што го направив беа градите. Имав комплекс, бев рамна како штица. Во дваесеттите години операцијата ми помогна да се чувствувам добро во своето тело, но сега, во триесеттите, кога би можела да го вратам времето, никогаш не би вградила силикони. Немојте да ми кажете дека сега можам да го сменам тоа, бидејќи тоа би барало многу лузни“, раскажа пејачката.
Иако интервенцијата ѝ помогнала во периодот кога се борела со несигурноста, денес смета дека последиците од ваквите одлуки не се толку едноставни за поправање.

Покрај градите, Николија зборуваше и за уште една естетска корекција за која денес жали. Станува збор за усните, кои ги променила следејќи ги тогашните модни трендови. Со текот на времето, како што објаснила, резултатот не бил онаков каков што посакувала, па решила да го отстрани вештачкиот материјал.
„Втората глупост што ја направив, но ја поправив, се усните. Моите прекрасни, преубави усни ги направив поради модата што трае и ден-денес. Тогаш постоеја само трајни операции на усните, а тие со текот на времето се деформираа. Изгледав како патка, сè беше нерамно. Минатата година го отстранив сето неприродно од усните и сега повторно ги имам своите природни усни, иако, за жал, морав да поминам низ оперативна процедура“, признала пејачката.
Таа нагласила дека повторното враќање на природниот изглед не било едноставно, но дека е задоволна што успеала да го поправи она за што подоцна зажалила.
Николија се потсетила и на уште една одлука од младоста што денес не ѝ се допаѓа. Кога била во средно училиште, премногу ги кубела веѓите следејќи ги тогашните трендови, па сега жали што ги уништила на тој начин.
Сепак, не сите козметички и естетски зафати ги смета за грешка. Пејачката е задоволна од трајната шминка на усните, благодарение на која тие секогаш изгледаат како да има кармин.
Кога станува збор за операцијата на носот, Николија има поинаков став. Таа истакнала дека не жали за оваа интервенција, бидејќи не ја направила од естетски причини, туку поради здравствен проблем.
Пејачката објаснила дека имала девијација на носната преграда, поради што операцијата била неопходна.
Со своето искрено сведоштво Николија покажа дека некои одлуки што во младоста изгледаат како начин да се надминат комплексите или да се следат актуелните трендови, со текот на времето можат да добијат сосема поинакво значење. Денес таа отворено зборува за своите искуства и за интервенциите што, доколку би можела повторно да избира, би ги избегнала.
