14.8 C
Скопје
13:01 - 30 октомври, 2026

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена отворено прозборе за драматичниот период низ кој помина во 2010 година, кога поради итна операција на циста на јајникот и дополнителни здравствени проблеми се соочи со најголемиот животен страв.

Иако со години молчеше за овие моменти, пејачката ја сподели својата исповед за да ја подигне свеста кај сите жени за важноста на превентивните прегледи:

„Првпат зборувам за ова. Во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајникот. Мојот доктор ми кажа да го направам тој злогласен BRCA-тест, кој покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам канцер на дојка. Тумор-маркерот беше многу зголемен и итно заминав на операција. Секако, молчев за сето тоа, но тоа беше огромен шок за мене“, раскажа Брена.

Пејачката призна дека соочувањето со дијагнозата и потенцијалната опасност ја довела до состојба на изразен страв за иднината на нејзиното семејство:

„Бев многу уплашена, не знаев за себе. Имав таков страв дека нема да ги изведам децата на пат, дека сè може да се случи… Ужасни слики ми минуваа низ главата. Сепак, подобро е навреме да се прифатат тешките факти и да се знае како да се бори со нив, отколку да се бега од вистината“, порача музичката легенда, додавајќи дека оттогаш строго ги следи сите лекарски насоки.

Слични објави

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova
Се вчитува....