15:54 - 27 ноември, 2026

Јелена Розга на доделувањето на MAC наградите: Ја прашаа дали е заљубена, а таа изненади со својот одговор

Јелена Розга плени со својот изглед и харизма каде и да се појави. Таа важи за една од најстилизираните, но и омилени пејачки во регионот.

Убавата Хрватка од Сплит секогаш има оригинални модни изданија со кои маѓепсува.

Јелена вчера се појави на доделувањето на MAC наградите во Белград, а српските новинари ја прашаа за нејзиниот љубовен живот.

Ја прашале дали е заљубена и дали има момче.

– Имам се! Сè што и треба на една жена за да биде среќна! Љубовта е најважна, се друго… Ако се случи нека се случи, изјавила за српски Курир пејачката и додала дека не би ѝ пречело еднаш да застане пред олтарот.

Да потсетиме, Розга проговори и за своите здравствени проблеми.

– Нешто со тироидната жлезда не е добро во последните неколку дена, секогаш се плашам како ќе се разбудам. Не сум расположена, секогаш сум поспана, ме болат мускулите, откри таа.

 

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....