19.7 C
Скопје
00:18 - 10 јуни, 2026

Јелена Карлеуша жестоко ја нападна Наташа Беквалац: „Срам да ѝ е, каква е таа финта?“

Пејачките Наташа Беквалац и Јелена Карлеуша некогаш беа блиски пријателки, но нивниот однос со време се заладил. Дополнителна тензија се појави неодамна, кога Наташа објави песна која првично била напишана за Карлеуша, што веднаш предизвика големо внимание во јавноста. Сепак, како што подоцна се дозна, нивното пријателство се распаднало многу пред тоа.

Наташа неодамна изјави дека Карлеуша ја повредила, но одби да открие на што конкретно мисли. Тоа ја испровоцира Јелена, која сега остро возврати.

„Срам да ѝ е, каква е таа финта? Прво вели дека сум ја повредила, а кога ќе ја прашам со што – молк. Не сакам такви луѓе, не знам што ѝ е. Јас секогаш сум искрена. Со што те повредив, што е проблемот? Ако не сака да зборува, нека молчи. Само реагирав на нејзините прозивки,“ изјави Карлеуша за „Телеграф“, па додаде:

„Морам да се надоврзам. Што се случува со тие пејачи што постојано ме прозиваат, а кога ќе ги прашам што им пречи или кога ќе им одговорам – веднаш паника. Каков крај на светот? Зошто постојано го споменуваат моето име, а кога ќе возвратам – куку леле. Не ме допирајте! Почитувајте го моето име и не собирајте ефтини кликови. Јас секогаш ќе се бранам. Не сакам неправда и ниски удари. Само нека престанат да ме спомнуваат и нема да се занимавам со нив.“

Од друга страна, Наташа неодамна проговори за некогашното пријателство:

„Имав многу убав, не само професионален, туку и приватен контакт со Јелена. Се поврзавме како две мајки. Во еден тежок период, имав приватен проблем, а таа ми даде контакти и поддршка. Нашите разговори главно беа за децата. Ми делуваше секогаш поддржувачки – до неодамна,“ изјави Наташа.

На прашањето како и зошто завршило нивното пријателство, таа кратко додаде:

„Мене само ми е безврска и непотребно сето тоа.“

Слични објави

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски во минијатурно бикини: Каменчиња меѓу градите, на лицето ниту грам шминка

Еспресо

Кеба запеа со улични музичари во Ниш: „Овој град има посебно место во моето срце“

Еспресо

Марјана Станојковска „гори“ во летно издание: „Ти си мое лето“

Еспресо

Саша Ковачевиќ не штедел за свадбата со Зорана — за гламурозната прослава потрошиле 40.000 евра

Еспресо

Ведрана Рудан измачена од борбата со ракот: „Не сакам да одам по цвеќе, сакам да бидам под него“

Еспресо

Изберете подарок што остава впечаток – уникатни рачно изработени свеќи за оние што заслужуваат нешто посебно

Еспресо
Се вчитува....