22.8 C
Скопје
14:06 - 19 октомври, 2026

Јасновидец од Бирмингем предвидува дека Чарлс Трети ќе издржи само седум години на тронот, и нови проблеми за Меган и Хари

Џон Хјуз, јасновидец од Бирмингем вели дека кралот Чарлс Трети ќе издржи само седум години на тронот пред да му ја предаде круната на принцот Вилијам и дека принцот Хари ќе се врати во кралското семејство во следните две години.

Тврди и дека принцот Хари и Меган Маркл ќе се разделат и дека тој повторно ќе му се придружи на кралското семејство во Велика Британија.

Џон Хјуз има сопствена компанија „We Are Namaste“, а води сесии од својот дом во Сатон Колдфилд. Дел од парите што ги заработува ги дава на добротворни организации, а медиумите често го цитираат.
Како што пишуваат странските медиуми, бабата на Хјуз била видовита, а тој самиот верува дека неговите дарби во разговорот со мртвите и предвидувањето на иднината се наследни.

„Во рок од седум години, мислам дека Чарлс ќе сфати дека сака да абдицира, и тоа од едноставна причина: не сака повторно да троши милиони фунти на државен погреб. Вилијам ќе ја преземе таа улога во наредните седум години“, рекол тој.

Хјуз вели дека кралицата Елизабета Втора не можела да абдицира поради сета „траума“ што ја претрпела со нејзиниот син принцот Ендру и со смртта на принцезата Дијана.

 

Слични објави

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.
Се вчитува....