15:13 - 1 април, 2026

Израелскиот кандидат за Евровизија загина во војната во Газа: Последен пат се огласи на Фејсбук со тажна објава

Дваесет и шестгодишниот Шаул Гринглик загина во Газа.

Како што пишува Eurovision Fun, Гринглик пред неколку недели бил на аудиција во шоуто во кое се избираат кандидатите кои ќе го претставуваат Израел на Евровизија 2024 година во Шведска.

Имено, тој на 3 декември се појави во израелското шоу „Израелска ѕвезда во подем“, а во тој период бил на одмор откако беше мобилизиран во војната против Хамас. Облечен во воена униформа, тој отпеа балада која допре многу луѓе и помина во следниот изборен круг.

Еден од жири-судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошното натпреварување, поради воените обврски.

„Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Новиот, поинаков сон ќе треба да почека малку“, напиша Гринглик на 14 декември на Фејсбук, објавија странските медиуми.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....