07:58 - 12 март, 2026

„Испливаа“ грди детали за Том Круз, глумицата Ремини тврди: „Немојте да ве измами и шармира, тој е ѓаволот!“

Леа Ремини откри грди детали за Том Круз и се присети на неговата поврзаност со скиентологијата, исто како нејзината пријателка Клер Хедли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leah Remini (@leahremini)

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Кралот на кралиците“ Леа Ремини ја потсети јавноста на поврзаноста на Том Круз со Скиентолошката црква среде вревата околу неговиот последен филм „ Топ Ган Маверик“ , кој постигна невиден меѓународен успех на кино благајните.

Леа одлучила јавно да го критикува Том на социјалните мрежи за неговата поврзаност со скиентологијата, на која тој е веројатно најпознатиот член. Леа исто така своевремено била следбеничка на скиентологијата, но ја напуштила црквата во 2013 година и оттогаш е една од нејзините најголеми критичари.

„Постои јавна личност кој те гледа право во очи, ти подава рака и те прегрнува, кон тебе е внимателна личност, а зад маската има личност која е сосема друга. Може да се каже дека сите ние го правиме тоа – кои сме за јавноста и кои сме зад сцената, но луѓето кои се околу Том и работат за Том, дури и луѓето што се скиентолози, ќе кажат дека тој е ѓаволот. Тој многу личи на Дејвид Мискавиџ (основачот на скиентологијата), тие би можеле да бидат близнаци“, рече глумицата.

Актерката исто така ги предупреди обожавателите на Том да не бидат шармирани од него по успехот на летниот блокбастер и сподели фотографија од објавата на поранешната скиентолог и пријателка Клер Хедли, која неодамна го обвини Том дека промовира опасен култ што го уништи нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

„Мило ми е што сите фанови на Топ Ган уживате во новиот филм. Лично, неодамнешните објави за овој филм само ме потсетуваат на Том Круз и неговите злосторства против човештвото. Екстремно, можеби мислите? Уништувањето семејство е злосторство против човештвото. Тое е моето мислење. Запрашајте се: Кога последен пат Том зборувал со својата единствена биолошка ќерка Сури? Значи, не, нема да го гледам филмот, ниту некогаш ќе ја поддржам или одобрувам измамата на овој човек. Верувајте ми, Том Круз точно знае кого поддржува и за злоупотребите што ги прави организацијата“,неодамна напиша Клер на Фејсбук.

Во 2012 година, Клер и нејзиниот сопруг Марк Хедли, кои се поранешни скиентолози, поднесоа тужба против Скиентолошката црква, тврдејќи дека ги прекршила законите за трговија со луѓе и човековите права.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....