17.8 C
Скопје
16:01 - 7 март, 2026

Ламбе Алабакоски: Каменот си тежи на местото, така и ние тежнеевме за тука

Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсен вчера во вечерните часови со неговиот дом во Битола, кога се потврдило дека познатиот музичар е уапсен под сомнение дека го потпалил влезот на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола на 4 јуни овој месец. Со оглед на тоа што Ламбе е во центарот на вниманието на македонската јавност, го реобјавуваме интервјуто кое екипата на Еспресо.мк го направи со пејачот пред еден месец. 

По седум години пауза и еден убав нов почеток, Ламбе сака да продолжи со музиката. Во план се некои песни и видеа кои се надева дека ќе се остварат до крајот на оваа година. Фото – приватна архива

Некогашната тинејџерска музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски, по неколку години живот во Америка, заедно со својата сопруга Магдалена и синовите Михаил и Димитриј одлучи повторно да се врати во Македонија во родната Битола. Свој настап имаше на концертот посветен на Тоше Проески и Аки Ракимовски.

– Навистина после седум години, на пробата за концертот, колегите ми кажаа дека не сум заборавил да пеам, дека имам кондиција. Многу ми е мило што од Битола пак почнувам после толку време, да отпеам песни од Тоше и од Аки. Многу е убаво кога после толку години ќе се вратиш дома, ќе се вратиш на она што си го правел и работел долго време – вели Ламбе.

Во Македонија е од лани летото. Одлучи да се врати повторно дома, заедно со целото семејство.

– Тука ни е целото семејство, и од двете страни, тука не влече срцето. Не е лесно да живееш некаде каде не си раснел без оглед што си постигнал таму. Македонија ни е наш дом, родно место, тука сме сега и здрави и живи да сме, никогаш не се знае ништо, но планот ни е да останеме тука – открива пејачот.

По седум години пауза и еден убав нов почеток, Ламбе сака да продолжи со музиката. Во план се некои песни и видеа кои се надева дека ќе се остварат до крајот на оваа година.

– Имам еден материјал што не е издаден како албум, може тоа да го реализирам, во план имам и бенд да направам, да се смири пандемијата за да можеме концерти да направиме.

Откога се преселија на американската почва, свој дом основаа во Детроит. Досега посетиле 37 земји и сите со свои убавини и специфичности, но ништо не е како дома.

– Мене лично ми требаше година-две да се прилагодам на тамошното живеење. Имавме среќа што имавме блиски таму. Ние од Љубојно сме познати дека сме иселенички крај. На крај човек мора да се прилагоди, не е лесно и едноставно особено кога доаѓаш од ваква средина каде што не е навлезен капитализмот. Америка има свој начин на живот кој не е променет последниве сто години. Нема да кажам лош збор за таму, но ќе кажам дека дома си е дома. Има една изрека „каменот си тежи на местото“, така и ние тежнеевме за тука – вели Ламбе.

Ламбе Алабаковски e роден 1987 година во село Љубојно. Селото е во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, а тој во текот на својата музичка кариера постојано истакнуваше колку е горд на своето родно место.

Мене лично ми требаше година-две да се прилагодам на тамошното живеење. Имавме среќа што имавме блиски таму. Ние од Љубојно сме познати дека сме иселенички крај. Фото – приватна архива
Фото – приватана архива

– Љубојно е родното место на татко ми и секогаш одиме таму. Чист воздух, природа, тоа место секогаш нè привлекува. Собирања, дружења, тоа е место кое го препорачувам за посета. Но, сега сме во Битола, и тука се нашите идни планови, иако Битола е многу изменета откако си заминав. Сè тече сè се менува, па така и моја Битола – вели Ламбе.

Ламбе откри дека долгогодишната пауза од музиката му била добредојдена, но никогаш не го запоставил пеењето како талент и дар од бога. Вели дека Михаил и Димитар имаат интерес за музика, но остава на времето да каже дали двата сина на Ламбе Алабакоски ќе се занимаваат со музика.

Фото – приватна архива

Слични објави

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova
Се вчитува....