8.8 C
Скопје
23:26 - 21 април, 2026

Именуван е член на кралското семејство кој може да ги помири Хари и Вилијам

меган маркл, принц хари

Браќата принцеви Хари и Вилијам се долго време отуѓени. Но, сега, на повидок е реална можност за помирување.

Според поранешен вработен на палатата, како што пишува Њујорк пост, принцезата Беатрис е единствениот член на британското кралско семејство што може да „иницира мир“ во долготрајната расправија на принцот Хари со принцот Вилијам.

Обемот на работа на принцот Вилијам се зголеми оваа година, а неговата сопруга Кејт Мидлтон и таткото, кралот Чарлс III, преземаат помалку одговорности за време на нивното лекување од рак. Во меѓувреме, расправијата на принцот од Велс со неговиот помлад брат продолжи да ескалира.

Така, принцезата Беатрис „разговарала со двајцата браќа за да се обиде да ја подобри ситуацијата“.

Принцеза Беатрис, фото Фејсбук

Беатрис и нејзината сестра, принцезата Евгенија, ќерките на принцот Ендрју, останаа блиски со Хари и неговата сопруга Меган Маркл откако парот го напушти кралскиот живот во 2020 година.

Евгенија дури и го посетила својот братучед во САД во 2022 година. Таа исто така беше единствениот член од кралското семејство кој се појави во неговата документарна серија на Нетфликс, „Хари и Меган“.

Браќата, наводно, не разговарале меѓу себе додека присуствувале на погребот на нивниот вујко кон крајот на летото 2024 година.

По извештаите дека Хари имал намера да го прескокне настанот од безбедносни причини, војводата на крајот одлета во Англија за да се појави инкогнито на комеморацијата.

Погребот го одбележа првиот пат кога браќата се видоа по крунисувањето на нивниот татко во мај 2023 година.

Да потсетиме, дека принцот Вилијам не сака ни да го види Хари на неговото крунисување.

Слични објави

(Фото) Голем букет со цвеќе ѝ пристигна на Цеца! Пејачката доби и необично писмо, зборовите ја трогнаа

Еспресо

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Т.Ц.

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо

„Молчев шест месеци“ – Маја Шупут ги шокираше сите со деталите за разводот од Ненад Татаринов

Е.А.
Се вчитува....