21:08 - 25 ноември, 2026

Илон Маск ја продаде и последната куќа

Илон Маск, вториот најбогат човек во светот, го исполни ветувањето и ја продаде својата последна куќа и официјално повеќе нема дом.

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, го продаде во четвртокот својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е 7,5 милиони долари помалку од првично бараната цена од 37,5 милиони долари.

Илон Маск, тежок повеќе од 151 милијарда долари, претходно изјави дека имотот од 47 хектари јужно од Сан Франциско е неговиот последен преостанат дом.

Маск, кого шефот на „Амазон“, Џеф Безос, го прескокна на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот, во моментот живее во изнајмена куќа вредна 50.000 долари во Бока Чика, Тексас, во близина на својата фабрика за производство на ракети.

„Мојот примарен дом е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмувам од „Спејс Икс“. Сепак, тоа е некако одлично“, напишал Маск на Твитер.

Новиот сопственик на вилата Хилсборо во Калифорнија на „891 Кристал Спрингс роуд“не е јавно објавен.

Огромниот имот има седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за бал и коктел соба со полици за библиотека на извлекување.

Слични објави

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.
Се вчитува....