29.8 C
Скопје
18:10 - 13 август, 2026

И бившиот на Ратајковски е сексуален предатор: Девојки изнесоа тврдења дека Себастијан Бир-МекКлард им ветувал улоги во замена за секс

Поранешниот сопруг на Емили Ратајковски, Себастијан Бир-МекКлард е обвинет за сексуално недолично однесување, пренесува Варајети. Обвиненијата против продуцентот беа изнесени од неколку девојки одеднаш.

Една од девојките рече дека во 2016 година, кога имала 17 години, Бир-МекКлард ја нашол на социјалните мрежи. Тој се претставил како продуцент и ја поканил девојката да се сретнат во ресторан, велејќи дека може да и помогне да глуми во филмот Добро време со Роберт Патинсон. Како што се испоставило, таа ќе морала да се појавува во мали разголени сцени, што продуцентот не ѝ го кажал. Така, таа морала да се соблече без претходна согласност и роа пред неколку актери. Контроверзната сцена не беше вклучена во финалната верзија на филмот, но името на девојката беше наведено во насловите на најавата/одјавата на филмот.

„Бев целосно запрепастена и исплашена“, рекла девојката. Таа додаде дека на снимањето, Бир-Меклард и пришол и ја замолил – шепнувајќи ѝ на уво –  да имаат секс. Девојката додаде дека подоцна почнала да спие со продуцентот, а нивната врска траела две години. Девојката не добила пари за снимање во филмот – наместо тоа, Бир-Меклард едноставно и купил цигари.

Друга жена, исто така, тврдеше дека оженетиот Бир-МекКлард ја контактирал на Инстаграм и ја повикал да глуми во Rough Diamonds со Адам Сендлер. Таа изјавила дека продуцентот ја поканил во станот каде што живеел со Ратајковски и таму имале секс без заедничка согласност. „Себастијан и јас почнавме да се бакнуваме. Ситуацијата отиде предалеку, а тој, без да побара согласност од мене, влезе во мене без кондом“, рече таа.

Жената исто така тврдела дека Себастијан Бир-МекКлард ја следел преку апликација на нејзиниот телефон. Дополнително, таа додала дека тој на Инстаграм ѝ пишувал на 15-годишно девојче кое се појавило на снимањето на филмот,  заведувајќи ја и ветувајќи ѝ улога. Според зборовите на жената, кога му ги изнесе овие обвинувања, тој се насмеал и не ги негирал.

Бир-МекКлард имаше и романтична врска со друга девојка на снимањето на Rough Diamonds.

Во летото 2022 година, продуцентот беше отпуштен од Elara Pictures: причината беше неговата афера на сетот на Rough Diamonds и наводите за вознемирување на 15-годишна тинејџерка. Наскоро, во есента истата година, Емили Ратајковски поднесе барање за развод од него: причината беше неверството на Себастијан.

Слични објави

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

(Фото) Зајдисонце, плажа и многу насмевки – Сара Мејс и Димитар Атанасовски на семеен одмор во Египет

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

Еспресо

(Фото) Ана Севиќ со семејството е во близина на големиот пожар во Црна Гора: „Господе Боже, помогни“

Еспресо

„Одев само во основно училиште“: Свршеникот на Јована Јеремиќ ја откри вистината за образованието

Еспресо

(Фото) Јордан Митев наполни 40 години — ќерка му го разбуди со најубавото роденденско изненадување

Еспресо
Се вчитува....