25.8 C
Скопје
15:05 - 29 април, 2024

(Фото) Кој е згодниот главен глумец од хит серијата „Ноќен агент“: Девојките збудалеа по Габриел Басо

„Ноќен агент“ е многу очекуваниот и сосема нов акционен трилер кој премиерно беше прикажан минатиот четврток, 23 март, ексклузивно на Нетфликс. Серијата, создадена од Шон Рајан, е инспирирана од истоимениот познатиот роман на Метју Квирк.

Составена од 10 епизоди, првата сезона на Ноќен агент доби големо позитивно внимание од гледачите благодарение на привлечната и внимателна приказна и импресивната изведба на главниот актер на серијата Габриел Басо, кој го игра Питер Сатерленд во серијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Basso (@gabrielbasso)

Откако беше објавен официјалниот трејлер за трилерот, гледачите беа љубопитни да дознаат сè за згодниот актер Габриел Басо и неговите различни претходни изведби.

Инаку, серијата брзо се искачи на врвот на листата на најгледани серии во светот.

Габриел Басо е 28-годишен американски актер кој првпат влезе во филмската индустрија како дете во филмот „Запознај го Бил“ од 2007 година, каде што ја играше незабележаната улога на дете болно од рак. Сепак, тој се прослави со улогата на Адам Џемисон во хумористичната драмска серија од 2010 година The Big C.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Basso (@gabrielbasso)

Басо е познат и по улогата на Мартин Рид во филмот „Супер 8“ од 2011 година, но и по Патрик Кинан во филмот „Кралевите на летото“ од 2013 година, Гуч во филмот „Едвај смртоносен“ од 2015 година, Џими Петерсен во филмот „Американски борач: Волшебникот“ од 2016 година и Џеј Ди Венс во филмот „Селска елегија“ од 2020 година.

Актерот глумеше и во неколку други значајни филмови, а одигра клучни улоги и во неколку телевизиски серии,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Basso (@gabrielbasso)

Во Night Agent ликот на Басо, Питер Сатерленд, работи за ФБИ. Заедно со него, актерката Лусијан Бјукенан ја игра главната улога на Роуз Ларкин.

Згодниот Габриел е роден во 1994 година во Сент Луис, Мисуи (САД), а висок е 184 см. Има две сетри, а нема девојка. Пред да стане глумец сонувал да биде познат фудбалер. Омилен град му е Париз, а земја во која со задоволство би живеел – Шведска.

Покрај Шон Рајан, на долгата листа на извршни продуценти на Ноќен агент се и Марни Хохман, Џулија Ган, Сет Гордон, Вилијам Шерак, Џејмс Вандербилт и уште неколку.

А покрај Габриел Басо и Лусијан Бјукенан, споредната екипа за трилерот на Нетфликс ги вклучува: Хонг Чау како Дајан Фар, Фола Еванс-Акингбола како Челзи Арингтон, Ева Харлоу како Елен, Енрике Мурсијано како Бен Алмора и други.

Не заборавајте да го гледате Night Agent, кој моментално се емитува на Netflix.

 

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....