9.8 C
Скопје
19:26 - 10 март, 2026

Храбра и покрај сѐ што ѝ се случи – Сузана Турунџиева со нов имиџ ја пронајде својата смирувачка терапија

Сузана Турунџиева е жена која инспирира во секој поглед, осбено поради храброста. Во јули поминаа девет години од ненадејната смрт на нејзиниот сопруг, Марјан Јовановиќ. Турунџиева, со овие зборови се сети на својот покоен сопруг.

„28 јули 2016. 9 години подоцна… Денот кој посакувам да можам да го прескокнам или да го избришам од календарот, ми е болен и освестувачки потсетник за минливоста на животот и неможноста да ги промениме нештата… Почивај во мир наш Марјане. Цел живот доцнеше, ама тоа утро избрза“.

Таа е водителка на Утринската програма на Тв Алфа, мајка на две ќерки, Матеа и Лора и баба на Јаков, од нејзината ќерка Лора. Го основа женскиот хор „Фрида“ во кој членуваат жени над 40 години, и имаат успешни настапи.

Она што во последно време може да се забележи кај Сузана е новиот имиџ, пократка коса и марамите кои ги носи, што е уште една нејзина уникатност. На една своја објава, таа покажа како на неа делува музичката терапија свирејќи во скопскиот Градски парк, а на друга, таа напиша:

-Секој од нас има задача да свети во својот полн сјај, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме на оние кои најмногу ни значат, да им го осветлиме патот.. Но, не ја пригушувајте сопствената светлост, доколку таа не му помага секому. На многумина едноставно им пречи, или им боде право во очи!

Ама без оглед на сѐ, светете! И покрај тоа што во вашата околина понекогаш нема никој. Бидете им светлина на оние на кои им настапила мрачна делница на животниот пат.

Фото/ Инстаграм

Обидете се да не завлегувате во туѓиот мрак. Охрабрете ги и влејте им самодоверба, а потоа покажете им го најбезбедниот пат кон светлината. Тогаш, вистински ќе знаете и почувствувате дека вашиот живот има смисла..Фала ти животе“.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....