5.8 C
Скопје
04:49 - 1 април, 2026

Хари и Меган во домот на Опра: на пат е уште едно интервју? Нов „бум“ на хипотезите за уште еден скандал!

Војводите од Сасекс биле забележани (и фотографирани) во Монтесито во вилата на славната водителка. Нов бум на хипотезите за уште еден скандал!

По платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во Лондон, гласините за моменталната состојба на војводите од Сасекс се намножија. Дали се каат за минатото поминато во кралското семејство или пак, ја претставуваат светлата политичка иднина во Соединетите Држави сè уште не е познато. Но, едно е сигурно: принцот Хари и Меган Маркл имаат намера луѓето да се зборува за нив уште долго, долго време.

Во саботата на 25 јуни, на пример, тие беа „уловени“ од папараците во автомобил: отишле во вилата од 100 милиони долари во Монтесито на сосетката Опра. Инаку Хари и Меган живеат на пет минути растојание од куќата на славната новинарка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Двојката помина еден час во палатата, што ги натера изворите на Дејли Мејл да помислат дека може да се појави уште едно скандалозно интервју,  како она што беше објавено по заминувањето на Меган и Хари од британското кралско семејство.

Ништо не се знае за средбата, освен дека принцот Хари бил виден зад воланот на неговиот црн Range Rover, додека неговата сопруга седела на задното седиште со уште двајца патници (сепак не е јасно дали Арчи или Лилибет, нивните две деца , биле во автомобилот со нивните родители). Следени од автомобил за обезбедување,  Хари и Меган изгледале опуштено и спокојно и двајцата облечени во „кежуал“ облека.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....