02:24 - 10 ноември, 2026

Астролозите предупредуваат: Во јули има 4 опасни датуми, внимавајте!

Астролозите велат дека во текот на јули ќе имаме 4 многу предизвикувачки, а можеме да кажеме и опасни денови. Подгответе се за многу турбулентен период во кој ќе има многу промени. Ќе ни се менува расположението, ќе се прашуваме дали сме на вистинскиот пат, ќе се сомневаме во се…

Внимавајте во овие 4 дена!

5 јули – Негативен транзит на Марс и Меркур

Ова е најопасниот ден во месецот. Во исто време ќе се случат два важни астролошки настани – Марс преминува во знакот на Бик, а Меркур во знакот на Рак. И двата настани ќе ги свртат планетите против нас. Марс ќе остане во Бик до 19 август, а за тоа време многумина ќе станат сомничави, недоверливи и малку исплашени. Во многу случаи, сето тоа ќе бидат неосновани стравови, но тоа нема да ни биде голема утеха.

Меркур во Рак е опасен затоа што ќе станеме летаргични, незаинтересирани, безволни. Поради сето тоа, 5 јули ќе биде најлошиот ден за работа, за какви било почетоци. Побарајте го вашето безбедно засолниште, каде што се чувствувате опуштено и безгрижно за полесно да го пребродите овој период.

13 јули – Супермесечина

Супермесечината е најопасниот тип на полна месечина. Таа ќе биде толку блиску до Земјата, што ќе биде многу впечатлива и поголема на небото од вообичаено. Тоа ќе има посилно влијание на нашите животи, среќата и расположението. Месечината ќе биде во Јарец на 13 јули, како резултат на што ќе бидеме малку поповлечени, свртени кон себе. Ќе ни биде поудобно да го поминуваме времето сами отколку во друштво.

16 јули – коњукција на Сонцето и Меркур

Коњукцијата е негативен аспект што најчесто се јавува помеѓу Сонцето и Меркур, бидејќи тие се секогаш на иста страна на Земјата. Астролозите советуваат да не ја напуштате зоната на удобност овој ден, да не одите далеку и да не трошите многу пари. Луѓето на кои суетата им е силна страна би можеле да изгубат се што стекнале во последно време.

28 јули – Почнува ретроградниот Јупитер

Последниот опасен ден во јули е денот на почетокот на ретрофазата на Јупитер. Планетата ќе остане на оваа позиција до 24 ноември. Во овие месеци може да се случат многу лоши работи. Можеме да ја изгубиме моќта на интуицијата, да станеме алчни, бескомпромисни. Најверојатно, на 28 јули ќе го почувствуваме првиот бран на негативност, изразен во форма на чувство на вознемиреност и недостаток на мотивација.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....