16:52 - 2 ноември, 2026

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Хрватската музичарка Хана Хулиќ сподели ретка фотографија со својот сопруг, пејачот Петар Грашo, неколку дена по одбележувањето на четвртата годишнина од бракот.

Парот на 19 февруари прослави четири години брачен живот, а Хана реши интимниот момент да го сподели и со своите следбеници на Инстаграм. Објавата веднаш предизвика бројни реакции, со оглед на тоа што тие ретко споделуваат заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

На фотографијата сопружниците се сликани одзади, во опуштена и романтична атмосфера. Хана ја има потпрено главата на рамото на Петар, додека тој ја прегрнува околу половината. Покрај фотографијата таа стави само емотикон со бело срце, без дополнително објаснување.

Обожавателите во коментарите им упатија честитки и пораки со љубов, истакнувајќи дека парот зрачи со хармонија и блискост.

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.
Се вчитува....